ФИТР објави повик за воспоставување лаборатории за истражување, креирање и иновативност Мakedrspace

- Advertisement -

ФИТР објави повик за воспоставување лаборатории за истражување, креирање и иновативност Предизвикот за воспоставување на лаборатории за истражување, креирање и иновативност – MAKERSPACE има за цел на младите креативци од 15 до 29 години да им овозможи бесплатен пристап до современи технологии и опрема.

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) денеска го објави предизвикот за воспоставување лаборатории за истражување, креирање и иновативност – MAKERSPACE, преку кој ќе се инвестира во развој на иновациска инфраструктура и ќе се овозможи технички услови за усовршување на средношколците и младите, информираат од ФИТР.

- Advertisement -

– Предизвикот за воспоставување на лаборатории за истражување, креирање и иновативност – MAKERSPACE има за цел на младите креативци од 15 до 29 години да им овозможи бесплатен пристап до современи технологии и опрема, каде ќе можат младите да работат на реализација на своите иновативни идеи. Во лабораториите, на корисниците ќе им биде обезбедена и менторска поддршка, просторни и технички услови да конструираат прототип или мало производство на иновативно решение, кое ќе можат да го тестираат во лабораториска, индустриска средина или на пазарот, стои во соопштението.

Од ФИТР информираат дека вкупниот буџет за предизвикот изнесува 20 милиони денари, од кои Фондот обезбедува 90 отсто од вкупниот буџет на проектот, во максимален износ од пет милиони денари по проект, додека, преостанатите 10 проценти ги обезбедува апликантот. Обезбеденото кофинансирање може да биде и во форма на парично кофинанисирање и/или во форма на in-kind учество. Времетраењето на проектот треба да биде до 18 месеци.

- Advertisement -

Процесот на селекција и избор на проекти се одвива во неколку чекори: административна проверка на доставените документи, прва оцена на предлог-проектите (претселекција) и селекција на најдобрите предлог проекти од страна на Комисијата за оценување и избор.

Доставените предлог проекти ќе бидат оценувани врз основа на критериумите за оценување: квалитет на предлог проект, квалитет на предложена програма, квалитет на проектниот тим, влијание, обезбедено дополнително финансирање, вмрежување, промоција и одржливост.

- Advertisement -

Во рамки на предизвикот, апликантите треба да понудат предлог проекти за воспоставување на лабораторија за производство MAKERSPACE во простории кои се наоѓаат во рамки на високо-образовните или научни-истражувачките установи и ќе претставуваат простор за соработка помеѓу академијата, индустријата и граѓанските здруженија – таканаречен четворен хеликс-систем.

Рокот за поднесување на предлог проекти трае до 31.10.2022 година, а за заинтересираните апликанти Фондот ќе организира инфо-сесии на кои детално ќе ги презентира условите на јавниот повик и потребните документи за аплицирање.

Сподели!
- Advertisement -