Докторите во Белгија препишуваат посета на музеи како терапија за анксиозност

- Advertisement -

Докторите во Брисел, Белгија, почнаа да препишуваат посета на културни настани како начин за подобрување на физичкото и менталното здравје на луѓето. Тие сакаат да видат како ќе делува таа терапија кај луѓето кои страдаат од депресија, анксиозност или стрес.

Пациентите можат да шетаат низ Совреениот уметнички центар CENTRALE, да прошетаат низ старата градска канализација или да разгледуваат колекција од 1.100 различни парчиња облека за статуата на дете кое уринира.

- Advertisement -

Болницата Бругман, која е еден од најголемите здравствени центри во Брисел, спроведува шестмесечна студија за ефектите од ваквата терапија во соработка со пет музеи во градот.

Посетите на музеите се доброволни и ќе бидат дополнение на друга терапија со лекови или консултации со психолог или психијатар. Тие на луѓето ќе им дадат шанса да излезат од дома и да се гледаат и да комуницираат со други луѓе или да избегаат од брзото секојдневние додека во мир и тишина разгледуваат уметнички дела.

- Advertisement -

Пациентите со своите доктори ќе разговараат пред и после посетите на музеите и ќе им објаснат што и се допаднало, а што не кај оваа неконвенционална терапија.

Многу студии покажуваат дека уметностите можат да ја подобрат добросостојбата кај луѓето. Некои истражувања докажаа дека гледањето виртуелни тури од музеи ги прави постарите луѓе посреќни и поздрави. Тие ги прават да се чувствуваат помалку изолирани и им го подобруваат и физичкото и менталното здравје.

- Advertisement -

(World Economic Forum)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -