Кој пие најскапо кафе во ЕУ?

- Advertisement -

За една година кафето во земјава поскапе за 18,3 отсто. Во  ЕУ, пак, според податоците на Евростат за август, кафето поскапело за 16,9 отсто.

Највисок процент на поскапување има во Финска (43,6 отсто), Литванија (39,9 отсто) и во Шведска (36,7 отсто).

- Advertisement -

Покрај кафето за една година поскапеле и млекото или шеќерот, па сите кои кафето го пијат зачинето со овие два артикли пијат поскапо кафе.

Во земјава цената на свежото полномасно млеко е зголемена за 29 отсто, а на шеќерот за 58 отсто, што значи дека ова задоволство на македоснките граѓани е поскапо од лани.

- Advertisement -

Во земјите од ЕУ, пак, во просек млекото поскапело за 24,3 отсто, а шеќерот за 33,4 отсто. Најмногу овие артикли поскапеле во Полска за дури 109,2 отсто.

Млекото во Литванија поскапело за 58,2 отсто, во Хрватска за 41,2 отсто, а во Естонија за 38,9отсто. Шеќерот, пак, во изминатата година најмногу поскапел во Полска (109,2 отсто), во Естонија (81,2 отсто), Летонија  (58,3 отсто) и во Бугарија (44,9 отсто).

- Advertisement -

Фото – Pixnio

Сподели!
- Advertisement -