Според најновите податоци за Европа, иако популацијата на птици и цицачи забележува позитивни трендови, водоземците, рептилите и слатководните риби ги има во се помал број главно поради новите градби, а делумно поради хидроенергетските структури.
Популацијата на диви животни во целиот свет се намалува континуирано последните 50 години и тоа значително, покажа најновиот извештај за состојбата на планетата на Светскиот економски форум. Според нивните податоци, цицачите, водоземците, рибите и рептилите ги има во просек за 69% помалку од 1970 година досега. Извештајот нагласува дека состојбата во природата е сериозно нарушена и ги повикува владите, компаниите и јавноста итно да воведат промени кои ќе го стопираат уништувањето на биодиверзитетот.
Како што истакнуваа од Светскиот економски форум, досега најголемата база на податоци, која опфаќа речиси 32.000 популација на 5.230 видови, Индексот на живот на Земјата, кој во рамките на Извештајот го направи Лондонското зоолошко друштво, покажува посебно остар пад меѓу некои популации во тропските краишта.
Студијата покажала дека секаде во светот главните причини за намалување на популациите на дивите животни се деградацијата и губењето на живеалиштата, воведувањето инвазивни врсти, загадувањето, климатските промени и болестите.
Светскиот економски форум особено е загрижен за овој тренд затоа што станува збор за краишта со најголем биодиверзитет во светот. Податоците од Индексот посебно укажуваат на тоа дека од 1970 до 2018 година се набљудувани популациите на дивите животни во Латинска Америка и во Карибите, каде што има пад нан популациите од во просек 94%. За помалку од еден век бројот на анализирани популации на слатководни животни е намален за просечно 83%.
(Zimo)
(фото: Pixels)