„Мајкрософт“ планира да отпушти илјада работници!

- Advertisement -

„Мајкрософт“ планира да отпушти околу илјада работници поради послаб раст на приходите од лиценците за оперативниот систем „Виндовс“, објави американскиот портал за вести „Аксиос“, повикувајќи се на неименуван извор.Добивај вести на вибер

Отпуштањата ќе бидат распоредени на повеќе нивоа на компанијата, во разни тимови и делови од светот, дознава „Аксиос“.

- Advertisement -

Изворот го цитира портпаролот на „Мајкрософт“, кој рече:

„Како и сите други компании, ние редовно ги анализираме деловните приоритети и соодветно правиме структурни приспособувања. Во наредната година ќе продолжиме да инвестираме во нашиот бизнис и да вработуваме во клучни области за раст“.

- Advertisement -

Компанијата неодамна отпушти нешто помалку од еден процент од своите вработени по редовните „структурни приспособувања“ на почетокот на фискалната година.

И многу други технолошки компании, вклучително платформите на „Мета“, „Твитер“ и „Снеп“, веќе отпуштија некои работници или ги замрзнаа вработувањата во услови на забавување на глобалниот економски раст поради зголемените каматни стапки, инфлацијата и енергетската криза во Европа, пренесува „Ројтерс“.

Сподели!
- Advertisement -