Со цел да се надомести недостигот од енергија поради се повисоките цени на гасот и забраните за увоз или извоз на гас кои се воведоа за Русија, како и да се намали емисијата на стакленички гасови, на сите нови градби со површина помала од 2.000 квадратни метри од 2025 година ќе мора да има поставено соларни панели од најмалку 20 квадратни метри.
Станбените згради трошат околу 30% од вкупната потрошувачка на енергија во Токио, но просечната сметка за струја е покачена за 40% од јануари 2021 година досега поради се повисоките цени на нафтата и гасот.
На едно семејство со месечна сметка за струја од околу 80 евра соларните панели ќе му помогнат да заштеди 70%-80%. Но, бидејќи инсталацијата на соларни панели на кров на куќа чини околу 7.000 евра, многумина не се одлучуваат на таков трошок.
За да ги достигнеме климатските цели до 2050 година светот ќе мора да задоволува 70% од своите потреби за енергија од соларна енергија и од енергија од ветрот.
Во ЕУ, пак, ќе биде заодлжително сите нвои градби од 2029 година натаму да имаат поставено соларни панели на кров.
(World Economic Forum)
(фото: Wikimedia)