Според порталот European Best Destinations, Загреб по трети пат е добитник на титулата најгобра дестинација за божиќните празници во Европа. Главниот град на Хрватска во конкуренција од 20 други градови ја одбрани титулата која ќе ја носи и во 2018 година и стана единствениот град кој три пати по ред е добитник на ова признание.
Во изборот за најдобра божиќна дестинација во Европа на порталот European Best Destinations учествуваат 200.596 лица од 131 земја, а својот глас за Загреб го дадоа 38.830 гласачи. Дека таа ласкава титула Загреб не ја добива случајно не докажува само светкавата и разновидна програма, туку и исклучително високата стапка на раст на бројот на посетители и ноќевања во градот, пишува News18.
Под називот „Животот е циркус“ овие празници во делови од пазарот на отворено во Загреб, Advent, има божиќни ликови од бајките како и кловнови, гатачки итн. Загреб е најдобрата дестинација за божиќните празници според гласачи од САД, Канада, Австралија, Русија, Данска и од Кенија. European Best Destinations е со седиште во Брисел и има за цел промовирање на туризмот во Европа.
Еве кои се другите градови во топ 10 на листата.
1. Загреб, Хрватска
2. Колмар, Франција
3. Виена, Австрија
4. Будимпешта, Унгарија
5. Стразбур, Франција
6. Монбелиар, Франција
7. Ахен, Германија
8. Базел, Швајцарија
9. Мец, Франција
10. Талин, Естонија