„Google“ ќе поддржува пребарување на 1.000 јазици

- Advertisement -


„Google“ ја објави својата намера да создаде модел на вештачка интелигенција кој на крајот ќе му овозможи да ги нуди своите интернет услуги на 1.000 најчести јазици во светот.

„Замислете нов корисник во Африка кој зборува волоф (…) и кој го користи својот телефон за да дознае каде е најблиската аптека или на кој канал може да гледа натпревар од Африканскиот куп“, објасни Јохан Шалквик, инженер во компанијата.

- Advertisement -

„Тоа се ситуации кои ги земаме здраво за готово“, додаде тој, додавајќи дека таквите функционалности се далеку од достапни насекаде во светот. Шалквик го претстави проектот на средба со новинари посветена на најновите иновации на компанијата поврзани со вештачката интелигенција.

Повеќе од 7.000 јазици се зборуваат ширум светот, но „Google“ ја нуди својата алатка за превод на нешто повеќе од 130.

- Advertisement -

Калифорниската компанија се потпира на технолошките иновации за да ја конструира својата нова вештачка интелигенција, не само за текстови на интернет, туку и за аудио снимки, видео материјали и фотографии. Компанијата, исто така, планира да собира аудио извадоци од различни заедници, особено на јазиците кои не постојат целосно како пишан јазик.

Како што се развива овој долгорочен проект, „Googl“e има намера да ги интегрира резултатите во своите производи како што се „YouTube“, неговите дигитални тастатури и алатката за превод, а со тоа да го олесни користењето на достапните онлајн услуги на мајчиниот јазик на корисниците и да им овозможи да најдат соодветна содржина.

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -