Кина ја комплетираше својата вселенска станица

- Advertisement -

После успешното лансирање во понеделникот, третиот модул на кинеската вселенска станица успешно беше споен со другите модули. Тој модул, наречен Mengtian, беше лансиран со ракетата Long March 5B од Венгченг сателитскиот центар за лансирање, а после влегувањето во орбитата ги стартуваше своите мотори до постојните два модули од станицата, со кои се спои на висина од околу 380 км над Земјата.

Првиот модул, наречен Tianhe, беше лансиран во април минатата година. Во тој дел од стануцата астронаутите ќе поминуваат најмногу време и таму же ќивеат и ќе спијат. Вториот модул, Wentian, беше лансиран во текот на ова лето и станува збор за лабораториски модул наменет за правење научни експерименти. Последниот дел од станицата, кој беше лансиран неделава, исто така ќе биде наманет за научни истражувања.

- Advertisement -

Модулот Mentian подоцна ќе ја смени својата позиција на вселенската станица, односно ќе се спои со модулот Tianhe и дури тогаш станицата ќе го добие конечниот облик во форма на буквата “T”.

Комплетирањето на оваа вселенска станица е кулминација и најголемо достигнување на нивната вселенска програма досега. Небесната палата, како што ја нарекуваат станицата во Кина, е симбол на растечката моќ на земјата, но и на нивната самостојност во вселенската индустрија. Тоа значи дека сега Кина станува опасен конкурент за САД откако ги изолираа од Меѓународната вселенска станица.

- Advertisement -

(Space News)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -