Шпаркасе Банка со дигитална трансформација на банкарските услуги во соработка со КИБС и Некстсенс

- Advertisement -

Од месец ноември, Шпаркасе Банка во своето работење вклучува користење електронски идентитет, дигитално потпишување документи и дигитално архивирање, овозможувајќи им на клиентите целосно ново дигитално искуство при вршење на банкарските услуги.

- Advertisement -

Отсега, клиентите на Шпаркасе Банка ќе имаат поголема флексибилност во извршувањето на банкарските услуги и заштеда на време, ресурси и финансиски средства и ќе можат да користат банкарски услуги од далечина и без употреба на хартија. Дигиталниот идентитет и дигиталното потпишување им овозможуваат на клиентите на Банката да се идентификуваат и да потпишуваат електронски документи со својот квалификуван дигитален потпис, од кое било место во светот.

„Со гордост можам да кажам дека направивме крупен исчекор во процесот на дигитална трансформација на банкарските услуги, производи и процеси. Ова е голем успех за тимот на Шпаркасе Банка, кој посветено работеше на имплементација на ова решение, во соработка со партнерите КИБС и Некстсенс. Со интеграција на ова решение, како банка сме целосно подготвени да идентификуваме клиенти без физичко присуство во банката, како и да проследиме електронска документација на наш клиент идентификуван на ваков начин и повратно да добиеме електронски потпишан документ.

- Advertisement -

Продолжуваме со имплементација на технолoшки напредни решенија во банкарството, сè со цел подобрено корисничко искуство и поедноставување на работењето со клиентите, но и оптимизација и автоматизација на интерните процеси во Банката. Свесни сме дека дигитализацијата е иднината и посветено ќе продолжиме да работиме како банка во таа насока“ – истакна Санел Кустурица, претседател на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје. 


Со цел да овозможи целосно дигитални услуги за своите клиенти, банката направи три значајни чекори:

- Advertisement -
  • го интегрира своето работење со услугата OneID обезбедена од давателот на услуга за издавање електронски идентитет КИБС АД Скопје,
  • имплементира платформа за дигитално потпишување на далечина – SignPlus, обезбедена од давателот на доверливи услуги КИБС АД Скопје,
  • имплементира и интегрира во своето работење решение за дигитално архивирање документи – Corporate Document Repository (CDR), производ на водечката компанија за дигитална трансформација Некстсенс ДОО Скопје.

Новите услуги ќе бидат целосно бесплатни за клиентите на банката и за нив нема потреба нашите клиенти посебно да аплицираат.

Успеавме да ги имплементираме услугите OneID, SignPlus и CDR  со нашите партнери Шпаркасе Банка и Некстсенс, процес што се движеше непречено. КИБС како лидер на пазарот на услуги од дигитална доверба веќе 20 години успешно ги имплементира глобалните трендови и ИТ-решенија посебно во делот на дигитализација на работните процеси и поставување основа за користење услуги и производи на локално ниво. OneID и SignPlus претставуваат софтвер како услуга достапни во облакот на KIBSTrust, ги исполнуваат највисоките глобални стандарди, а притоа се интуитивни, лесни за употреба, безбедни и овозможуваат лесно корисничко искуство“ –нагласи Горан Анастасовски, генерален директор и претседател на Управниот одбор на КИБС АД Скопје.   

Постапката на создавање електронски идентитет е брза и едноставна, благодарејќи на заедничкиот развој на КИБС и на Некстсенс. Мобилната апликација OneID е достапна на три платформи за преземање: Google Play, AppStore и HarmonyOS. Откако еднаш ќе го креира електронскиот идентитет, клиентот потоа ќе може да го користи за идентификување кон сите компании и институции што ја овозможуваат оваа услуга.

„Со имплементацијата на системот за дигитално архивирање – Nextsense Corporate Document Repository, Банката добива нов квалитет во управувањето со документи. Решението целосно го дигитализира процесот на организација, дистрибуција, класификација, централно архивирање на документите. Притоа, обезбедува највисоко ниво на безбедност, следливост и контрола врз движењето и пристапот до документите.

Како резултат на одличната соработка со тимовите на Шпаркасе Банка и на КИБС ова решение беше имплементирано и интегрирано со интерните системи и системите достапни како софтверска услуга на банката во исклучително краток период. Нé радува тоа што придобивките за банката се многубројни: оптимизација на интерните банкарски процеси, забрзување на времето за извршување на активностите и зголемена ефикасност преку елиминација на процесните чекори за транспорт на документи и нивно препраќање меѓу различни локации. Остануваме посветени кон испорака на иновативни дигитални решенија што го унапредуваат квалитетот на работа на компаниите и ги подобруваат услугите кон клиентите“ – изјави Васко Кроневски, главен извршен директор на Некстсенс.

Решенијата се усогласени со Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги (MK-eIDAS), барањата за заштита од перење пари и запознај го својот клиент, како и со Законот за архивско работење на Република Северна Македонија.

Сподели!
- Advertisement -