Airbnb воведува нова опција која долго време ја бараа корисниците

- Advertisement -

Едно нешто што корисниците на Airbnb го критикуваа со години е тоа што при пребарувањето на сервисот не се прикажуваат трошоците за чистење, така што вкупната цена на крајот е повисока. Таквата цена е нереална, а од Airbnb конечно ќе го сменат тоа.

Од наредниот месец корисниците при пребарувањето ќе можат да ја активираат опцијата покрај трошоците за сместување, да им се прикажува и трошокот за чистење во куќите и становите. Како што објасни првиот човек на компанијата, Брајан Чески, сега вкупната цена на сместувањето, со вклучените трошоци за чистење, ќе се прикажува веднаш на мапата каде што се гледаат сите недвижности кои одговараат на нашите параметри. Исто така, тој трошок ќе се земе предвид и при рангирањето на резултатите од пребарувањето според висинаата на цената.

- Advertisement -

„Сакаме сите да го видат тоа. Сакаме корисниците тоа да го активираат“ изјави Чески.

Поради нецелосниот приказ на цените во мај минатата година корисниците го критикуваа Airbnb, па тогаш од компанијата најавија промени во начинот на кој се прикажуваат вкупните цени. Тие промени требаше да се случат во декември мнатата година, а како причина за доцнењето од компанијата велат дека м требало време додека да добијат фидбек од домаќините.

- Advertisement -

Компанијата воведува уште некои промени, па така, Чески најави дека во текот на наредните неколку месеци домаќините ќе добијат пристап до алатки со кои ќе можат да постават варијабилни цени, односно ќе можат да ги менуваат во зависност од сезоната, викенди и слично.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Raw Pixel)

Сподели!
- Advertisement -