Amazon ќе отпушти 10.000 вработени ширум светот

- Advertisement -

Amazon се подготвува да отпушти од работа околу 10.000 вработени, со што таа онлајн платформа станува најновиот американски технолошки гиганткој реагира на економската криза со такви мерки, пишува New York Times.

Tој број е нешто помалку од 1% од вработените во компанијата, која имаше 1,6 милиони вработени во целиот свет на крајот на 2021 година. Голем дел од вработените се сезонски работници кои се регрутираат во периоди кога има зголемена акетивност, како што се празниците на крајот на годината.

- Advertisement -

Според New York Times, отказите се однесуваат на одделот на Amazon за уреди (Amazon Devices), односно електронски уреди опремени со гласовниот асистент Алекса или таблети за читање книги Kindl, на малопродажбата и на кадровското одделение.

Не е наведено како ќе биде тоа отпуштање распоредено по земји, но весникот навесдува дека вкупниот број на отпуштени од работа може да расте. Amazon, од каде што засега не коментираат ништо, уште пред две недели најави замрзнување на новите вработувања во своите канцеларии.

- Advertisement -

Минатата недела матичната компанија на Facebook, Meta, објави дека укинува околу 11.000 работни места, што беше околу 13% од вкупниот број вработени тами. Понатаму, уште две компании од Силиконската долина, компанијата за онлајн плаќање Stripe и платформата за возење Lyft, исто така неодамна најавија големи отпуштања од работа. Дури и социјалната мрежа Twitter, која од неодамна е во сопственост на Илон Маск, отпушти околу 7.500 вработени.

(N1)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -