Подземна катна гаража се крева при силни дождови за да спречи поплава

- Advertisement -

Архитекти од Данска смислија модел на гаража која може да се справи со силните бури. Гаражата автоматски се крева и се спушта додека водата од обилните дождови се складира во резервоар под гаражата и спречува поплави.

Како што пишува Business Insider, концептот за ова архитектонско дело е именуван Pop – up и предвидува гаража со три сектори: подземен резервоар за вода, пет паркинг нивоа и дел за пешаци на врвот. Во деновите кога нема да има обилен дожд најголемиот дел од структурата останува под земја.

- Advertisement -

Кога, пак, започнува силна бура, гаражата користи хидраулика за автоматски да почне да се крева, намалувајќи ги ризиците од поплава. Водата од дождот се собира во резервоарот, а подоцна се филтрира преку поврзан канализациски систем. Откако водата ќе истече од резервоарот, гаражата почнува да се спушта под земја.

Архитектите ја замилиле гаражата и со дополнителна функција, односно да придонесе кон зголемување на пешачките зони и зеленилото во градот. На врвот на гаражата се наоѓа пешачката зона, а зеленилото може да се забележи на секое паркинг ниво. Тие изјавиле дека вакви гаражи најмногу можат да помогнат во градови кои често имаат проблеми со поплави како Лондон, Рио де Жанеиро, Сингапур, Токио и Мексико Сити.

- Advertisement -

Голем дел од градовите се дизајнирани за потребите на автомобилите, а не за потребите на пешаците. Катните гаражи најчесто се над земјата и ги зголемуваат ризиците од поплави при обилни дождови. За сега не е познато кога ќе се изгради првата ваква гаража, но концептот дефинитивно е корисен за урбаните средини особено поради фактот дека последиците од климатските промени вклучуваат и почести и посилни бури кои можат да бидат фатални за градовите.

Сподели!
- Advertisement -