Тувалу е островска држава сместена во центарот на Тихиот Океан која опфќа девет острови на кои живеат 12.000 луѓе. Но, прашање е дали таа ќе продолжи до крајот на овој век. Имено, споре дпредвидувањата на научнциите и нивните модели на движење на нивото на морето, поради климатските промени нејзините острови може да завршат под нивото на морето и да исчезне државата и нејзиното културно и историско наследство.
За да не дојде до тоа и во случај до крајот на овој век државата да заврши под морето, во Тувалу се одлучија на прилично радикално решение – мета унверзумот. Тоа го изјави министерот за надворешни работи на Тувалу, Симон Кофе, на климатскиот самит COP27.
Бидејќи нашата земја исчезнува, немаме избор туку да станеме првата дигитална нација во свето. Нашата земја, нашиот океан, нашата култура се најдрагоцениот имот што го имаме. За да ги заптитиме, што и да се случи во физичкиот свет, ќе ги префрлиме во облак.
На пробелмите со климатските промени и подигнувањето на нивото на морето Кофе предупреди и на минатогодишниот самит COP26 и тоа на доста интересен начин. Имено, својата порака ја испрати стоејќи на колена во морето и со тоа покажа каква е судбината на неговата држава и на неговиот народ. Кофе предупредува дека само заедничките глобални напори можат да помогнат Тувалу да не исчезне во физичка смисла и не да се пресели само во виртуелен свет.
(Engadget)
(фото: Flickr)