Феликс Кјелберг или како што сите го знаат PewDiePie е еден од пионерите во светот на инфлуенсерите. Тој во 2013 година стана најпопуларен јутјубер со најмногу претплатници, а во 2019 година таа бројка надмина 100 милиони луѓе. После тоа полека собираше нови милиони претплатниви, но во исто време растеше неговата конкуренција.
Така, дојде моментот кога некој ќе го симне PewDiPie од тронот. Џими Доналдсон, попознат како MrBeast, е еден од јутјуберите кој стекнуваше популарност со светлосна брзина. Бројот на негови претплатници овој месец достигна 112 милиони, со што и официјално го надмина PewDiePie, кого моментално на Youtubeго следат 111 милиони претплатници, и стана најпопуларниот јутјубер во светот.
За оние што се прашуваат зошто MrBeast има толку следбеници, односно зошто неговите видеа имаат толку многу прегледи, за BBC објаснува британскиот јутјубер Стивен Бриџес. Тој вели дека MrBeast постојано работи на најзабавните видеа кои го привлеквуаат вниманието на сите. Како што вели Британецот, едно е да се прават забавни видеа, а друго е да се направи видеа кои секоја секунда го задржуваат вниманието на гледачите. За MrBeast велат дека најдобро ја совладал вештината за создавање привлечни содржини на YouTube и дека наверојатно не постои јутјубер што е изненаден што MrBeast го зазел првото место.
MrBeast милионите следбеници ги освои со видеа на кои троши многу пари, со делење пари и награди, но и со добротворната работа. Минатата година лансираше сопствен филантропски канал на YouTube, на кој веќе има над 10 милиони претплатници, а води и добротворна организација чија цел е да обезбеди оброци за оние на кои најмногу им требаат во САД. Исто така, со колегата Марк Робертсон организира собирање средства за заштита на околината и задење на 20 милиони дрвја ширум светот. На последната таква акција собраа повеќе од 24 милиони долари, а еден од донаторите беше и PewDiePie.
(Zimo)
(фото: Twitter)