Еве колкава површина е потребна за рударењето биткоин да се напојува со соларна енергија

- Advertisement -

Досега пишувавме за тоа колку енергија троши рударењето биткоин – само во 2017 година потроши 33 терават-часови. Иницијативата Land Art Generator Initiative (LAGI), која ги промовира обновливата енергија и јавната уметност, направи пресметка на тоа колку земјиште ни е потребно за да се генерира доволно соларна енергија за рударење биткоин.

Биткоин сега воопшто не е еколошки. Мрежата за биткоин главно се напојува со енергија од фабрики за јаглен во Кина. Трансакциите на биткоин емитуваат исто толку јаглерод диоксид и стакленички гасови каколку некои од најголемите фабрики што трошат јаглен во светот. Мрежата на биткоин консумира повеќе енергија отколку што трошат цели земји. Според сајтот Digiconomist, со енергијата што сега ја троши биткоин можат да се напојуваат 3.029.126 американски домаќинства. 

- Advertisement -

Што доколку енергијата потребна за биткоин се добива од сонцето? Тогаш ќе треба да имаме навистина големи соларни фарми. Според LAGI, за да се произведе енергијата што се потроши за биткоин во 2017 година ќе биде потребна фарма со големина на Сан Франциско. До 2020 година за рударење биткоин ќе бидат потребни повеќе од 500 TWh годишно, а за да се произведе толку соларна енергија ќе биде потребна фарма голема колку растојанието од Сан Франциско до Сакраменто.

Засега се чини дека сите наши глобални напори за градење позелени конструкции, енергетска ефикасност, обновлива енергија се залудни и се уништуваат со феноменот на blockchain валути. Или ќе мора да се најде начин за биткоин да се троши помалку енергија или ќе ја изгуби вредноста во една глобална економија каде што централно место зазема борбата со загадувањето.

Сподели!
- Advertisement -