Научници од Центарот за напредни структури и композити при Универзитетот Мејн пред неколку дена ја претставија првата 3Д печатена куќа во светот направена целосно од биолошки материјали – BioHome3D.
Новата структура се состои од прототип од 55 квадратни метри со 3Д печатени подови и ѕидови, како и кров направен од дрвени влакна и биосмола. Куќата целосно може да се рециклира и е високо изолирана, а при изработката е создадена минимална количина отпад поради прецизниот процес на печатење.
Со иновативната куќа BioHome3D, Центарот за напредни структури и композити при Универзитетот Мејн размислува креативно за тоа како можеме да го решиме проблемот со недостиг на простор за домување, да ја доразвиеме индустријата за производи од дрво и да им обезбедиме на луѓето безбедно место за живеење за да можат сите да придонесат за економијата.
Оваа технологија истовремено ќе помогне да се реши проблемот со недостигот на работна сила во градежништвото, а користењето автоматизиран производен процес и производство офсајт ќе резултира и со многу помалку време потрошено на градење на лице место.
Употребата на локално достапни ресурси, пак, го решава проблемот со синџирот на набавка. Во иднина домовите, исто така, ќе може да се прилагодуваат на прсоторот и желбите на сопствениците.
Целата структура на куќата била испечатена во четири модули и склопена на лице место за десетина часа. Електричната емергија била инсталирана за само два ќаса откако била склопена.
(Interesting Engineering)
(фото: YouTube)