Shell ја отвори првата бензинска станица во Скопје

- Advertisement -

Shell по две години присуство на пазарот на Северна Македонија, ја отвори првата бензинска станица во Скопје лоцирана на улица Борис Трајковски бр. 101, во населба Пинтија.

Корал Фуелс ДООЕЛ Скопје, како дел од Coral S.A., започна со работа под брендот Shell во Северна Македонија во 2021 година и е официјален носител на лиценцата за Shell на локалниот пазар. Корал Фуелс веќе работи со 2 малопродажни станици под брендот Shell во Смоквица, на автопатот Пријателство во близина на границата со Република Грција.

- Advertisement -

Shell продолжува со својот динамичен влез на македонскиот пазар, откако ја обезбеди лиценцата за брендот Shell преку долгорочен договор, којшто вклучува поддршка и трансфер на знаење во однос на горивата, новите технологии, услугите и маркетингот. Во пракса, целокупното глобално истражување и развој на горивата е пренесено преку малопродажните станици во корист на потрошувачите на македонскиот пазар.

Корал Фуелс има за цел да расте со насочени инвестиции и развој низ целата земја со отворање на нови, централно лоцирани малопродажни станици преку кои ќе обезбедува квалитетна услуга за своите клиенти.  

- Advertisement -

Водечкиот диференциран бензин Shell Fuelsave Unleaded 95, безоловен бензин 98-октански V-Power и Shell Fuelsave Diesel се достапни низ малопродажните бензински станици на Shell. Бензинската станица нуди и дополнителни содржини, ресторан, кафетерија, како и богато снабден маркет со широк асортиман на производи.

Матичната компанија, Coral S.A. (поранешен Shell Hellas S.A.), работи во Грција од 1926 година. Со приближно 790 малопродажни станици кои работат под брендот Shell, компанијата има пазарен удел кој надминува 30% и е лидер на грчкиот пазар. Корал ја поседува и лиценцата на Shell за пазарите  во Кипар, Србија и Хрватска.

- Advertisement -

Shell е глобален лидер во иновација и технологија со повеќе од 100 годишна експертиза. Компанијата постојано инвестира во унапредување на производите за да излезе во пресрет на сè поспецифичните барања на современите возила и индустриски капацитети. За да ја подобри деловната ефикасност и да ги намали емисиите на јаглерод, Shell развива повеќе опции за почиста енергија. Тоа подразбира напредни дизел горива и бензини, горива произведени од гас, биогорива,  обновливи горива и други продукти.

Бензинската станица во населба Пинтија работи 24 часа.

Сподели!
- Advertisement -