Агенцијата за истражување и консалтинг Инсајдер ИД, го спроведе истражувањето “Преферирани ланци на маркети и Најпознати брендови 2022-ва година” во кое се анкетирани повеќе од 1,300 активни потрошувачи на територија на целата државата. Агенцијата 6-та година по ред прогласува ТОП 3 Маркети преферирани ланци на маркети и 3-ра година Најпознати Брендови според потрошувачите во Македонија.
Еден од најголемите предизвици за компаниите во широката потрошувачка е како да го позиционираат брендот на повисока позиција во свеста на потрошувачот, за при избор на производ во соодветната категорија да го изберат токму производот од компанијата. Според претходните истражувања од Инсајдер ИД, кај 5%-8% од потрошувачите постои висока лојалност кон брендот, што директно посочува дека над 90% од потрошувачите носат одлука врз база на моменталниот избор.
Многу е важно да се даде појаснување во однос на прашањето. Најпознат бренд може но не значи дека е и најчесто купениот од страна на потрошувачите. Постои веројатност и често однесување каде потрошувачите сметаат дека еден бренд е најпознат во категорија, додека купуваат друг бренд во категоријата. На одлуката за купување на производ влијаат многу други фактори како цена, квалитет, достапност, промоции и меѓу кој што е и самиот бренд. Со дефинирање на позицијата на брендовите во перцепцијата на потрошувачите, се овозможува компаниите да го анализираат ефектот од маркетинг и комуникациските активности кои биле преземени во претходната година. Промената во позициите ќе овозможи да се анализира, колку брзо може да се промени однесувањето кај потрошувачите а со тоа и поврзувањето со конкретен бренд.
Учеството во категориите зависи од интензитетот на конкуренција и позиционирани брендови. Колку е поголем интензитетот на конкурирање и поголемо е учеството тоа е посилна позицијата на најпрепознатливиот бренд. Генерално, нема значајни промени на позициите кај најпознатите брендови во соодветните категории. Промените се настанати таму каде нема доминантен бренд и можноста за преземање на приматот е многу поверојатна. Со соодветна стратегија еден бренд во следното истражување или може да го зголеми учеството, или пак доколку конкурентските брендови го направат истото да го преземат приматот.
Анализирани се вкупно 18 категории на производи, за кои што потрошувачите одговараа на прашањето “Кој е според Вас најпознатиот бренд во категоријата XY?”. Анкетирани се повеќе од 1,300 активни потрошувачи на територијата на целата држава.
Анализирани се 17 категории на производи: Млеко, Јогурт, Кашкавал, Сирење, Сувомеснати производи, Чоколадо, Пиво, Вино, Газирана Вода, Негазирана Вода, Здрава Храна, Сладолед, Чипс, Флипс, Традиционално (Турско) Кафе, Природни Сокови и Сончогледово Масло.
Во однос на брендовите кои што се на првите позиции според нивната препознатливост, не се забележливи големи промени. Всушност за дел од брендовите кои што во претходното истражување 2021-ва година бележат намалено учество, во тековното се “враќаат” на вредностите од 2020-та година.
Целиот текст на Маркетинг 365