Македонските банки во постојана трка по довербата на новооснованите стартапи

- Advertisement -

Во третиот квартал од годинава во земјава биле отворени 3.166 нови фирми, а најголем дел од нив како своја банка партнер, ја избрале Халкбанк АД Скопје, покажуваат податоците од  БизнисМрежа.мк кои ги објави порталот Пари. Односно, Халкбанк ја одбрале 717 новоотворени компании, што е 22,7% од стартапите. Таа била прв избор на најголем дел од новите правни субјекти во Скопје и Тетово, но и во други градови во земјата. Во главниот град каде во третото тромесечје биле регистрирани нови 884 компании, Халкбанк ја избрале 203, а во Тетово од 192 новорегистрирани фирми, Банката била избор на 52 субјекти.

Анализирано според дејноста, во овој квартал најмногу фирми се регистрирани во секторите Трговија на големо, на мало, поправки на моторни возила и моторцикли, а потоа следат Други услужни дејности и Преработувачката индустрија. Во сите три дејности прв избор кај новорегистрираните фирми повторно била Халкбанк. Односно, од 775 нови компании во дејноста Трговија, 177 станале клиенти на Халкбанк, во секторот Други услужни дејности од 395 отворени сметки – 85 се во Халкбанк, а во Преработувачката индустрија – 88 од новорегистрираните 388 компании повторно ја одбрале оваа Банка.

- Advertisement -

Халкбанк и минатата година беше прв избор на најголем број новорегистирани фирми. Односно, од 8.662 нови правни субјекти регистрирани во 2021 година, клиенти на Халкбанк станале 1.976 компании. Односно, речиси секоја четврта фирма ја избрала Халкбанк АД Скопје за своја матична банка.

Во земјава микро, малите и средните претпријатија се најбројни и токму затоа банките се во постојана трка да ги придобијат како свои клиенти со воведување различни услуги согласно барањата на клиентите и следејќи ги трендовите. Стартапите, пак, како што потврдуваат податоците, водејќи грижа за тоа што е најдобро за нивниот иден бизнис, сепак најчесто ја избираат Халкбанк како своја матична банка. Причина за ова секако се производите, услугата и условите кои очекуваат да ги добијат од Банката, како и можноста за континуирана финансиска поддршка и експертиза. Халкбанк од доаѓањето на македонскиот финансиски пазар постојано истакнува дека токму микро, малите и средните препријатија се нејзин таргет бидејќи тие се камен-темелник на економијата и затоа потребно е да имаат долгорочен финансиски партнер од кој ќе добијат финансиска, но и советодавна поддршка со цел остварување на посакуваниот раст.  За оваа категорија клиенти се креирани и производи преку кои се поддржуваат нивни тековни потреби за основни средства и обртен капитал.

- Advertisement -

Освен ова, реализацијата на тековните обврски со Халкбанк која е лидер во воведување нови производи базирани на новите технологии, е многу побрзо и поедноставно, а тоа надополнето и со партнерскиот однос кон клиентите, прави таа да биде прв избор на новоотворените компании.

Сподели!
- Advertisement -