Благодарение на биткоин многумина речиси преку ноќ станаа милионери или милијардери, а многумина криптовалутите ги гледаат како исплатлива и профитабилна форма на штедење, па затоа инвестирале многу пари верувајќи дека ќе им се исплати. Но, додека до декември минатата година цените на акциите постојано растеа и достигнаа неверојатни 69.000 долари за еден биткоин, денес таа цена изнесува околу 17.000 долари, а дел од експертите предвдуваат понатамошен пад на вредноста.
Како што опишува шефот на Bybit, Бен Жу, влегуваме во уште една поладна криптозима отколку што се очекуваше, која може да резултира со нови кризи со ликвидноста на криптоберзата, отпуштање вработени во таа индустрија и континуиран пад на цените на најголем дел од криптовалутите.
Иако берзите за криптовалути се во пад од крајот на минатата година, големи проблеми следуваа после колапсот на токенот TerraUSD во мај годинава и неодамна имаше проблеми со крипто менувачницата FTX, кои влијаеја на целиот пазар.
За оние кои се надеваат дека после дожд следува сонце и дека после сиве овие проблеми идната година ќе дојде до закрепнување на пазарот, аналитичарот на меѓународната банка Standard Chateres, Ерик Робертс, нема добри вести. Имено, тој смета дека според едно од нивните сценарија, вредноста на биткоин ќе продолжи да паѓа и ќе достигне вредност од само 5.000 долари.
Неговиот песимизам го дели и изврпниот директор на BlackRock, Лери Финк, кој смета дека најголем дел од криптокомпаниите нема да ги преживеат последиците на колапсот на FTX.
Додека според аналитичарите вредноста на биткоин ќе паѓа, можеме да очекувам енов раст на вредноста на златото. Со оглед на тоа дека криптовалутите повеќе нема да бидат толку интересни за инвеститорите, тие своие инвестиции ќе ги пренасочат кон златото, чија цена би можела да порасне за 30% во текот на 2023 година.
(CNBC)
(фото: Robotics and Automation News)