Работата со глобално познати брендови е предизвик кој бара многу знаење и љубов!

- Advertisement -

Ако нешто можеме да научиме од светот на луксузните брендови, тоа е дека стремежот за совршенство и перфекционизам секогаш вродуваат со плод и дека претставува битка која вреди да се победи. Не за џабе од квалитетот на брусењето најмногу зависи самиот квалитет на дијамантот. Така на најпластичен начин може да се долови работата на бренд менаџерот во „Божиновски часовници и накит“, вешто брусејќи од година во година, добро сработената работа постојано го  збогатува портфолиото на компанијата со повеќе и повеќе карати, почнувајќи од Swatch и  Calvin Klein, прекуTissot, Longines, Hamilton и Mont Blanc, стигнувајќи до скапоцените Breitling и Omega.  Дали извршувањето на оваа интересна и воедно многу одговорна работа е секогаш забавна разговараме со Ана Божиновскa, бренд менаџер на “Божиновски часовници и накит“

  • Што всушност работи еден бренд-менаџер и колку во пракса е гламурозна работата?

Најсублимирано позицијата бренд менаџер во „Божиновски часовници и накит“ претставува секојдневна и постојана битка за совршенство. Лично јас работата ја споредувам со брусењето на дијаманти, колку повеќе напор и умешност ќе вложиш, толку повеќе карати ќе добиеш. Воопшто не е едноставно да ги исполниш критериумите поставени од луксузните брендови и да се постигне целта, потребно е вложување на многу енергија. На моменти таквата борба добива сизифовска димензија, но на крајот кога ќе се оствари целта, сфаќаш дека вредел секој атом на енергија кој си го потрошил во битката. Искуството во моето 11 годишно работење во компанијата ми покажало дека со одржувањето на високите критериуми како награда секогаш доаѓа отворање на нова врата. На тој начин  успешното менаџирање со брендовите како компанија од година во година, не искачуваше на ново скалико. Приказната за „Божиновски часовници и накит“ започна со Swatch, за денес да бидеме застапници на речиси сите најпрестижни швајцарски часовничарски брендови, тоа е најголемиот успех на нашиот тим и наш заеднички патоказ дека нашата заедничка борба за совршенство не треба никогаш да запре. Поконкретно,  мојата позиција налага секојдневна кооординација на линија Швајцарија – Битола – Скопје. Во рамките на моите обврски е позиционирањето на секој од брендовите на нашиот пазар според барањата на самиот бренд. Ќе ги споменам и патувањата во странство каде се одржуваат состаноците со секој бренд поединечно, состаноци кои се од клучно значење за мојата работа бидејќи токму таму се носат големите одлуки и се склучуваат важните договори, се дефинираат новите колекции и се предвидуваат трендовите за престојниот период.  Во однос на гламурозноста, би кажала само дека работата е гламурозна исто толку колку што е стресна и одговорна бидејќи истата не дозволува никакви отстапки и поместување на рокови, кои важат за сите застапници на глобални ниво.

  • Како се комуницира со брендовите од типот на Swatch, Calvin Klein, Breitling?

Сите брендови кои ние ги застапуваме еднаш во годината организираат состаноци на кои се поканети сите агенти и компании од цел свет кои имаат франшиза да продаваат одреден бренд. Овие настани се од огромна корист за нашето работење затоа што на овие состаноци на кои работиме од утро до вечер, се презентираат најновите трендови на брендот, новите маркетинг стратегии кои сите ние во светот мора да ги следиме. Тоа во значителна мерка ми ја олеснува работата во текот на годината при спроведување на плановите . На овие состаноци се прават детални предвидувања за продажбата во текот на следната година и стратегии за поголема продажба и визибилност на брендовите на секој од пазарите одделно.

- Advertisement -

Овие состаноци се место каде што “Божиновски часовници и накит“ ги прави предвидувањата на она што нам ни е потребно за наредната година во количина и колекции и предвидуваме која колекција би се издвоила како бест селер на нашиот пазар.

Она што е специфично за светот на глобално познатите брендови е дека во последно време се пофлексибилни во пристапот кон различни пазари. За разлика од порано кога тие строго ја дефинираа маркетинг и продажната стратегија без да се дозволат никакви отстапки, во последно време на сите застапници на овие светски признати брендови дозволена им е поголема флексибилност бидејќи тие  најдобро знаат како дише нивниот пазар и нивните купувачи. Тоа нам како претставници за Македонија ни е од особено значење бидејќи нашата земја како пазар има свои специфичности кои не се карактеристични на пример за западните земји и таквата слобода ни отвора можност за постигнување на подобри резултати и за максимизирање на искористувањето на пазарниот потенцијал.  Лично сум пресреќна што од година во година постигнуваме се подобри бројки, што значи дека како компанија сме на вистински пат.

- Advertisement -
  • А кога работата во Македонија добива глобално признание!

Во месец октомври оваа година Божиновски часовници и накит одржа исклучителен настан за промоција на најновата колекција на Calvin Klein во Македонска oпера и балет во Скопје. Креативниот дух на дизајнерот на овој бренд – Раф Симонс, кој ги користи спомените и визиите за иднината и ги имплементира во денешницата беше успешно пренесен и на овој настан во Скопје кој совршено го долови минимализмот и елеганцијата како главни одлики на брендот.

“Настанот помина одлично. Само што малку се опуштив после неколку месечната подготовка на настанот, 2 дена после одржувањето на настанот добив телефонски повик лично од интернационалната ПР менаџерката на Calvin Klein. Сакаше лично да ми честита за одлично сработениот настан. И покрај огромниот стрес и напор кој беше вложен за организирање на настанот, признанието кое го добивме значи премногу. Тоа е огромен поттик за сите следни настани да ги направиме уште подобри“, раскажува Ана Божиновска.

- Advertisement -
  • Дали новата технологија е закана или шанса за часовничарството?

Класичните часовници изминативе неколку години станаа главен моден додаток и покрај фактот што сите имаме часовници на мобилните уреди, така што новата технологија ја гледам само како голема шанса за индустријата и тоа најмногу од маркетинг аспект. Можеби смарт часовниците одземаа дел од колачот, но парчето историја кое го добиваш од класичниот часовник, посебно кога станува збор за некој познат бренд, има безвременска димензија и поради историјата која што ја има зад себе секој од часовничарските брендови кои ги застапуваме поединечно. Од маркетинг аспект најважно е да  бидеме фокусирани на популарно наречените millennials. Тие е генерацијата кои ги диктира трендовите во оваа индустрија затоа што пред што и да се воведе ново прво се гледа вкусот, навиките и барањата на оваа генерација, а класичните часовници во себе носат доволно уникатни приказни што може да ги направи повеќе од посакувани за нив како целна група. Од тие причини тие денес се тригер за тоа како да се дефинира маркетинг стратегијата, како да се користат социјалните мрежи, инфлуенсери и другите модерни маркетинг алатки. Буквално се се движи во тој правец и никој од часовничарската индустрија ова не го смета за лош момент, напротив тоа претставува голем предизвик во целост.

Сподели!
- Advertisement -