Tesla најави безжичен полнач кој полни до три уреди одеднаш

- Advertisement -

Tesla најави безжичен полнач со помош на кој корисниците ќе можат да полнат три уреди истовремено. Медиумите веднаш почнаа да го поврзуваат дизајнот на полначот со Teslа Cybertruck, чие појавување на пазарот, пак, се уште е неизвесно.

Беазжичниот полнач на Teslа ќе може да полни уреди кои поддржуваат Qi, а неговата моќност од 15W нема да овозможи некоја завидна брзина на полнење, но нема да биде ни пребавно. Самиот безжичен полнач не изгледа толку голем по површина за на него, на пример, да се стават три паметни телефони одеднаш, пишува Cnet.

- Advertisement -

Вредноста на полначот е во тоа што може да ги полни уредите каде и да се наоѓаат во просторијата благодарение на технологијата на полнење која се вика FreePower. Тоа е новиот назив за Air, технолкогијата која претходно се користела во подлоги за полнење на компанијата Nomad.

Цената на полначот на Тeslа не е толку привлечна и ќе изнесува 300 долари. За оние кои сепак ќе сакаат да го купат полначот и да имаат уред кој поддржува Qi технологија уредот ќе бие достапен за јавност од февруари 2023 година.

- Advertisement -

(CNET)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -