Опремена првата училишна компјутерска лабораторија преку хуманитарната акција на ПроКредит Банка и МАСИТ

- Advertisement -

Во пресрет на празниците, во рамки на најавената „Хуманитарна акција за донација на компјутери“ од МАСИТ и ПроКредит банка, од страна на ПроКредит Банка беа донирани 30 десктоп компјутери за потребите на „ОУ Александар Македонски – Скопје“, со кои е опремена првата компјутерска лабараторија во училиштето.

Користењето на дигитални алатки во образованието прави значаен придонес во унапредување на образовните процеси, па така оваа донација е од особено значење за учениците кои ќе можат да ги научат и применат практичните знаења по предметите Основи на програмирање и Информатика. Со овој проект се придонесува и кон повисока свесност за создавање еднакви услови за образование за секого, но и за ре-употреба на техниката како еден од начините за справување со загадувањето. 

- Advertisement -

Донацијата е почеток на серија идни хуманитарни активности во кои ќе се приклучат и останатите членки на МАСИТ, како начин за зголемување на достапноста до дигитална технологија за секого. Иницијативата на ПроКредит Банка и МАСИТ има и пошироко значење, нагласувајќи го големото значење од вклучувањето на бизнис секторот во реализацијата на проекти кои придонесуваат за креирање одржлив развој на заедницата.

ПроКредит, како банка која ги поддржува клиентите во имплементација на дигитални решенија, е патрон партнер и долгогодишен член на Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ), чија цел е унапредување и развој на ИКТ индустријата и бизнис опкружувањето.

Сподели!
- Advertisement -