Научно потврдено – што да јадеме за да живееме подолго

- Advertisement -

Одговорот на прашањето за тајните на вечниот живот не го знае никој. Научниците прават безброј истражувања, а технолошките компании инвестираат милијарди долари за да дојдат до некои сознанија кои ќе ни овозможат да живееме не само подолго, туку и поздраво.

Многу работи веќе ни се познати, низа сите кои веќе се во поминати години и сакаат да си го продолжат животот, постои диета за долговечност, која научници ја објавија во списанието Cell.

- Advertisement -

Зад оваа студија стојат Волтер Лонго, професор по еронтологија на Универзитетот Јужна Каролина и Розалин Андерсон од Висконсин. Студијата е резултат на проучување на многу научна литература, но и на лабораториски експерименти на животни. Тие направиле и сопствена студија за ефектите од многу популарни диети.

Според таа студија, главните карактеристики на диетата за долговечност треба да бидат умерен до висок внес на јаглехидрати од нерафинирани извори, но и доволен внес на белковини главно од растителни извори за д се задоволат 30% од енергетските потреби. Во идеален случај сите дневни оброци треба да се во период од 11-12 саати, дозволувајќи дневен период на постоење, а 5-дневниот циклус на постење или исхрана која вклучува пост на секои 3-4 месеци може исто така да помогне за намалување на инсулинската резистенција, крвниот притисок и други фактори на ризик за луѓе со поголема опасност од развој на болести.

- Advertisement -

Исхраната за долговечност треба да содржи и многу мешункасти плодови, зеленчук и риба, добра количина јаткасти плодови и маслиново масло. Исто така, се препорачува и малку темно чоколадо и многу малку бело месо, а се советува избегнување на поцрвени и преработено месо и рафинирани житарки.

(Eurek Alert)

Сподели!
- Advertisement -