Нови цени на горивата

- Advertisement -

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,04 % во однос на одлуката од 3.1.2023 година. 

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,33%, кај дизелот за 2,171%, кај екстра лесното масло за 0,851% и кај мазутот за 4,565%.

- Advertisement -

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,146%.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит.

- Advertisement -

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,372 ден/кг и сега ќе изнесува 39,283 ден/кг. 

Од 10.1.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

- Advertisement -

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 79,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 81,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 80,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 79,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 39,283 (денари/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 10.1.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките

Сподели!
- Advertisement -