Тирана, главниот град на Албанија, е третото најскапо место за живеење на Западен Балкан, по Будва и Белград, покажа извештајот на Numbeo 2023 за животните трошоци.
Извештајот дава податоци од дневните трошоци ширум светот, создавајќи индекс на најскапите градови за живеење, до најевтините.
На врвот на листата за 2023 година е Базел, а потоа следат Цирих, Лозана, Цуг и Берн, сите во Швајцарија. Норвешките градови Осло, Ставангер, Берген, Трондхајм и Тромсо во Норвешка се во првите 10. Други високо рангирани во Европа се Копенхаген во Данска, Еспо во Финска, Даблин во Ирска и Ница во Франција.
На дното на листата е Украина разурната од војната со нејзиниот опколениот град Харков. Други евтини места за живеење ги вклучуваат украинските градови Лавов, Одеса, Днипро и Киев.
Во однос на Западен Балкан, Приштина, главниот град на Косово, е едно од најевтините места за живеење во Европа, заедно со Ниш- Србија, Крајова- Романија и Тузла во Босна и Херцеговина.
Белград е најскапиот град во регионот, следен од Будва- Црна Гора и Тирана- Албанија.Трошоците за живот во Белград се 42,5% од оние на Њујорк, додека Тирана остварила 41% – што е зголемување од 3,7 повеќе од претходната година.
Додека Тирана е рангирана како евтина низ Европа, таа е скапа за локалното население. Зголемените трошоци и неизмерната инфлација доведоа илјадници луѓе на работ на сиромаштија. Во моментов, половина од населението е или во сиромаштија или во ризик да западне во неа.
Податоците на албанската национална статистичка агенција ИНСТАТ објавија дека во 2021-2022 година, 12,6 отсто од Албанците кои се вработени исто така се изложени на ризик да западнат во сиромаштија. Кај невработените, ризикот од сиромаштија е поголем и достигнува 39%; кај пензионерите е понизок околу 14%.
Скопје се најде на 425 место од вкупно 551 градови во светот според трошоците за живот, а меѓу 240 европски градови, главниот град на Македонија е на 223 место. По него се Тузла на 227, Ниш на 232 и Приштина на 234 место.
Еден од најгорливите проблеми за Скопјани е загадувањето и според анкетираните дури 83, 1 проценти се изјасниле дека тоа е многу високо. Дури 45 отсто од граѓаните на главниот град на државава како единствено транспортно средство ги користат автомобилите. Проценката на Нумбео е дека патувајќи до работа или до школо, граѓаните годишно продуцираат дури 678,9 килограми ЦО2.