Вештачки панкреас успешно помага кај дијабетес тип 1

- Advertisement -

Центрите за контрола и превенција на болести процценуваат дека на милиони возрасни годишно им се дијагностицира дијабетес. Сега вештачки панкреас кој исто така се нарекува затворен систем може да им помогне на луѓето со дијабетес тип 1.

Сензор за глукоза се поставува под кожата за автоматски со помош на алгоритам да пресметува колку инсулин да испушти преку една пумпа. Тоа значи дека луѓето со дијабетес тип 1 повеќе нема да мора внимателно да го следат нивото на шеќер во текот на денот и да примаат инјекции.

- Advertisement -

Тие исто така ќе можат и да ја следат ситуацијата преку нивниот телефон благодаение на системот кој проценува колку јаглехидрати се внесени со секој оброк.

Технлогијата прв пат била тестирана минатата година од страна на Националната здравствена служба на Обединетото Кралство на стотици возрасни и деца со дијабетес тип 1 во земјата. Тестирањата покажале дека технологијата е многу поуспешна отколку кој било друг уред кој може да се користи за контрола над болеста и била одобрена од страна на Националниот институт за здравје и грижа.

- Advertisement -

Но, една негативна страна на уредот е тоа што е доста скап – моментално чини над 7.000 долари, па затоа се работи на создавање поевтина алтернатива.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -