Во малото село Стуз во Швајцарија почна со работа најстрмната жичница во светот. Новата линија ќе покрива растојание од 1.720 метри од станица во долината Швиз-Шлатли, која е на надморска височина од 1.300 метри. Иако самото растојание кое ќе го поминува жичницата е импресивно, најинтересниот момент е она што ќе се случува меѓу почетната и крајната точка.
Жичницата ќе се движи со максимална брзина од 10 метри во секунда до височина од 743 метри под агол од најмногу 110 степени. И покрај огромната стрмнина, возот составен од четири футуристички цилиндрични вагони автоматски ќе се нивелира за патниците внатре да не почувствуваат дека се искачуваат или слегуваат.
Новата линија чини 44,6 милиони евра и заменува стар систем кој постои од 1933 година. Конструкцијата на проектот започна во јули 2013 година и беа евалуирани 15 различни опции пред да се одлучат за новата рута. По 14 години планирање и градење секој се гордее со овој воз, изјавија надлежните за проектот.
Стуз е планинско село со околу 100 жители. Се наоѓа на околу 50 километри од Цирих и високо над езерото Луцерн. Местото е најдобро познато по ски центарот и по тоа што нема возила.