Течни прозорци кои штедат енергија во зградите

- Advertisement -


На пазарот веќе постојат паметни прозорци кои можат електронски да се места да пропуштаат или да блокираат сончева светлина. Новата технологија која ја развија истражувачи од Универзитетот Торонто овозможува создавање повеќеслојни прозорски стакла кои може да се постават на неколку начини за филтрирање на светлината со цел заштеда на енергија.

Научниците развија т.н. течни прозорци инспирирани од кожата на лигњите и сипите, која менува боја. Тие животни можат да ги поместуваат пигментите во клетките под кожата напред-назад, така префрлајќи се од непроѕирна во проѕирна состојба.

- Advertisement -

Минатата година истражувачи најавија затемнување на прозорци кое е инспирирано од оваа можност. Прототипот на течните прозорци оди подалеку од концептот на вклучување на повеќе наслаги од листови провидна пластика, од кои секо има мрежа на милиметарски микроканали кои поминуваат низ него.

Со пумпање на течност која содржи различни пигмени или други молекули во или од каналот во секој лист може да се изберат различни комбинации за оптички ефекти на прозорците како целина.

- Advertisement -

На пример, со пумпање на пигменти кои ја блокираат видливата светлина од еден лист, додека пигмент кој блокира инфрацрвена светлина се пумпа во друг лист, прозорците може да се постават така да пропуштаат видлива светлина, додека истовремено ја блокираат инфрацрвената светлина.

Користејќи компјутерски модели базирани на перформансите на прототипите, научниците проценуваат дека дури и кога некои течни прозорци би се користеле само за модулација на преносот на инфрацрвена светлина, зградите би користеле околу 25% помалку енергија за греење, ладење и осветлување. Кога прозорците исто така би се користеле за контрола на видливата светлина, таа бројка би скокнала на околу 50%.

- Advertisement -

„Зградите трошат тони енергија за греење, ладење и осветлување на внатрешните прострии. Ако можеме стратешки да ја контролираме количината, видот и насоката на сончевата енергија која влегува во нашите згради, можеме значително да ја намалиме количината енергија потрошена за греење, ладење и осветлување“ вели Рафаел Кеј, главен автор на студијата.

Истражувањето е објавено во списанието PNAS.

(Vidi.hr)

(фото: Raw Pixel)

Сподели!
- Advertisement -