Дизајнерското студио DRB од Дубаи претстави уште еден амбицозен проект наменет за Обединетите Арапски Емирати. Дубаи, кој често го нарекуваат најфутуристички град во светот, според тој проект би добил затворена стаклена велосипедска патека за возење велосипед, трчање и шетање. Патеката се вика The Loop, долга е 93 км, а ќе биде целосно климатизирана. Микроклимата на патеката ќе овозможи да се посадат многу видови дрвја и растенија кои не успеваат во пустинските услови кои владеат таму.
За одржување на еден таков простор би било потребно доста енергија, а од Urb k велат дека таа енергија би ја добивале од обновливи извори. Меѓу другото, се споменуваат кинетички подови, како и соларна енергија.
Освен патека за трчање и возење велосипед, структурата Loop би имала повеќе мали паркови, спортски објекти и земјоделски површини, меѓу кои и вертикални градини. Сето тоа со цел да се подобри производството на храна во тој регион.
„Планирано е Loop да поврзе над 3 милиони жители кои користат здрав начин на транспорт со одење или возење велосипед. Ќе им овозможиме удобна средина со контролирана клима во текот на целата година за пешачењето и возењето велосипед да стане примарен начин на превоз за жителите на Дубаи. Целта е велосипедизмот и пешачењето да станат примарен начин на транспорт за секој ден за над 80% од жителите на Дубаи до 2040 година“ велат од URB.
Проектот засега е уште во истражувачка фаза, но ако некој може да го реализира, тоа сигурно е Дубаи, каде што веќе некое време работи затворено скијалиште од 22.500 квадратни метри, каде што температурата не се дига над 2 степени Целзиусови, додека надворешниот воздух истовремено има температура од 40 степени Целзиусови.
(Vidi.hr)
(фото: YouTube)