Како изгледа првата српска реклама креирана од вештачка интелигенција?

- Advertisement -

Вештачката интелигенција и нејзината употреба се шират во целиот свет, па и кај нас. Се користи за разни намени, а сега по прв пат е употребена за креирање рекламна кампања во Србија. Matis Group е компанија која одлучила во соработка со маркетинг агенцијата Why Not, која работи во БиХ, Србија и во Швајцарија, да искористи вештачка интелигенција за да го прикаже мебелот од иднината. За билбордите кои ги направиле агенцијата ја искористила програмата за вештачка интелигенција наречена Midjourney.

На билбордите ширум Србија мебелот од иднината е спореден со денешниот мебел и се повикуваат сите да уживаат во сегашниот реален комфор на мебелот на Matis.

- Advertisement -

„Реално Matis, се додека не се појави плакар од десно“ пишува на билбордите. Кампањата за два дена стана вирална и оствари неверојатни резултати, велат од агенцијата Why Not.

Билбордите и самата кампања добиваат само позитивни коментари од бизнис заедницата, а некои корисници на Linkedin сметаат дека сега е вистинско време за да се користи вештачка интелигенција.

- Advertisement -

Во продолжение погледнете како изгледа кампањата направена од вештачка интелигенција.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Linkedin)

Сподели!
- Advertisement -