Футуристички шкаф кој ја дезинфицира и ја пегла облеката

- Advertisement -

Пеглањето веројатно е една од најомразените домашни активности, особено кога се брзате некаде и ќе сфатите дека нешто што сте ставиле во ормарот е целосно истуткано. LG на претстојниот заем за потрошувачка електроника CES во Лас Вегас ќе претстави поголема верзија од својот револуционерен систем за нега на облека LG Styler. Новиот футуристички ормар Styler има место за шест парчиња облека, а бидејќи се конектира на Wi-Fi нуди и многу поголема практичност за модерните потрошувачи.

Најновиот LG Styler се грижи за различни парчиња облека за целото семејство, вклучувајќи ја и долната облека како градници, нежни блузи, формална облека, комбинезони, облека за бебиња, плипани играчки итн. прави испеглана линија на долниот дел од ногавиците со должина до 60 см. Поради поголемиот капацитет во Styler сега може да се стават и јакни и капути.

- Advertisement -

Преку Wi-Fi корисниците можат да преземат различни програми за нега на облека и преку мобилната апликација да ја следат потрошувачката на енергија или да добијат известување кога ормарот ќе си ја заврши работата.

Како што пишува Zimo, LG Styler се базира на иновативната технологија TrueSteam, која нежно ја дезинфицира облеката и ги неутрализира непријатните мириси, а отстранува и 99% од алергените и бактериите. Новиот LG Styler е решение за нега на облека кое на корисниците им овозможува свеж изгледа за каква било пригода.

Сподели!
- Advertisement -