Ако некогаш се најдете на состанок со Џеф Безос, не очекувајте дека овој милијардер и озновач на Amazon ќе прозбори прв. Пред да се откаже од местото генерален директор на Аmazon во 2021 година, имаше пракса да ги пушти своите вработени да зборуваат први.
Сега неговата девојка Лорен Санчез, основач на компанијата за снимање од воздух Black Ops Aviation во Санта Моника, Калифорнија, сега вели дека тоа е една од најбитните бизнис лекции кои ги научила од него откако почнале да излегуваат пред неколку години.
Има причина зошто Безос мисли дека менаџерите секогаш треба да зборуваат последни на состаноците на работа. Безос вели дека сите останати треба да зборуваат пред шефот за неговото мислење да не ги поколеба во она што имаат да го кажат.
Во еден негов говор од 2018 година Безос рече дека преформулирањето на состаноците во неговата компанија веројатно е најпаментата работа која ја направил. Прво, Безос ги укина PowerPoint презентациите. Наместо тоа, секој состанок почнуваше со отприлика 30 минути молчење, за сите присутни да можат да го прочитаат деталниот меморандум со темите за дискусија. Потоа вработените ги нудеа своите решенија во допис пред Безос да се изјасни за да се заштити од вработените кои се согласуваа со се што ќе каже за да добијат поени кај него.
Тој период на молчење исто така е начин да се уверите дека сите навистина ќе ги прочитаат забелешките, додава Безос, затоа што испраќањето по имејл едноставно не е доволно. Исто така, меморандуммот помага да не се скршне од темите на состанокот, особено ако се зборува кратко, без губење на клучните детали.
Тој меморандум не треба да биде подолг од шест страници, го пишува личноста што го организира состанокот, а Безос препорачува и состаноците да бидат што пократки кога сите ќе завршат со читање на меорандумот, по можност помалку од 1 час.
Повеќе студии досега имаат откриено дека трошењето премногу време на состаноци може да го покачи нивото на стресот и да ве одврати од вршењето на вашата работа.
(Bizlife)
(фото: Flickr)