Научниците имаат нов план: облаци прашина од Месечината треба да го намалат глобалното затоплување

- Advertisement -

Нова научна студија сугерира нов начи како човештвото може да купи повеќе време во борбата со климатските промени, но нивниот предлог е многу радикален и буквално вонземски. Тие предлагаат лансирање облаци прашина од Месечината кои ќе ја блокираат сончевата светлина на Земјата и ќе го намалат глобалното затоплување. Станува збор за радикална стратегија за која веројатно ќе бидат потребни повеќе децении истражување пред да биде имплементирана.

Но, овој пристап не е без ризици. Има нејаснотии во смисла на тоа како може да влјае врз земјоделството на Земјата, врз живите екосистеми и квалитетот на водата во различни делови од светот.

- Advertisement -

Ставањето повеќе од 100 милиони тони прашина меѓу Земјата и Сонцето делумно би спречило светлината од нашата ѕвезда да допре до нас. Оваа опција и претходно била истражувана како начин за борба против климатските промени, но за да се постигне тоа прашина од Месечината би требало да биде поставена на оддалеченост од 1,5 милиони километри од Земјата, каде што се поништуваат гравитациските сили на Сонцето и на Земјата. Тоа подрачје е познато и како првата Лагрангеова точка или L1, а во неа предметите остануваат на фиксна позиција.

Разни научни тимови го истражувале поставувањето на прашина во точката L1, но енергијата на фотоните и наелектризираните честички исфрлени од Сонцето, познати и како соларен ветар, може постепено да ја турнат таа прашина подалеку од саканата положба, што потоа ќе треба да се поправи.

- Advertisement -

Меѓутоа, после илјадници компјутерски симулации Бенџамин Бромли од Универзитетот Јута заедно со колегите открил дека континуираното лансирање струја од Месечевата прашина директно од северниот пол на Месечината кон точката L1, со брзина од 2,8 км/с може да биде уште подобар пристап. Во нивното сценарио симулациите сугерираат дека секоја придвижена честичка прашина поминува околу 5 дена блокирајќи ја светлината пред да се расштркаат по Сончевиот систем. Нивното истражување е објавено во списанието PLoS Climate.

Ако се земе предвид гративациската сила на Сонцето, Земјата и на дргите планети, како и негравитациските сили како соларниот ветар, симулациите на тимот на Бромли откриле дека одржувањето на штит од милиони тони прашина блиску до L1 во период од една година би ја придушило светлината од Сонцето наЗемјата за 1,8%, што е исто како да се блокира сончевата светлина цели 6 дена во период од една година.

- Advertisement -

Ако тоа се задржи на неодредено време или додека не се воведат други мерки за отстранување на јаглерод диоксидот од атмосферата, тоа може да го надомести порастот на нивото на СО2 кој се случи од Индустриската револуција наваму.

Ако оваа метода функционира, сигурно би била ефикасна и во намалувањето на глобалните температури, но тешко е да се каже дали би била исплатлива во однос на вложениот труд и ресурсите, велат научниците.

Проблемот е во тоа што компјутерските симулации не моделирале употреба на какви билоо машини за лансирање на лунарната прашина кон точката L1, но некои научници велат дека може да се користат шини по кое прашината ќе се движи со помош на електромагнетна енергија. Тоа би било совршено затоа што системот би се напојувал со енергија од неколку квадратни километри соларни панели поставени блиску до местото на лансирање.

Но, засенувањето на Земјата, од друга страна. ќе има непознати последици. Температурата, горештините, ветриштата и многу други работи ќе се сменат, а ќе се менуваат на различен начин на различни места.Тие промени ќе се одразат врз земјоделството, екосистемите и квалитетот на водата, појаснуваат научниците.

(New Scientist)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -