DS Smith Скопје е првата компанија која создаде урбан овошен компаниски парк

- Advertisement -

DS Smith Скопје и Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје засадија 150 сертифицирани садници во повеќе градинки и училишта во градот Скопје и го формираа првиот урбан овошен компаниски парк.

„По повод јубилејот од 75 години од основањето на првата фабрика, ФЗНХ Скопје ни подари 75 сертифицирани садници кои беа засадени во кругот на фабриката DS Smith Скопје. Со тоа нашата компанија стана првата компанија која формира овошен парк, каде покрај придобивки за животната средина, придобивка ќе имаат и самите вработени во компанијата.“

- Advertisement -

Во месец декември DS Smith Скопје донираше 75 различни овошни садници во повеќе градинки и училишта во градот Скопје. Со тоа нашата компанија покажа одговорно, но и посветено работење, работење кое покажува дека се грижиме за нашата животна околина и за најмладите кои учат во училиштата и градинките во градот Скопје. Акцијата беше спроведена во неколку скопски општини каде беа опфатени повеќе образовни институции.

При процесот на садење беа присутни и најмладите на кои од страна на стручните лица од ФЗНХ Скопје им беше објаснет целиот процес на правилно садење на садниците, но пред се и важноста од одговорното и одржливо работење и придонесување за почиста животна околина.

- Advertisement -

Целиот текст на Вработување.мк

Сподели!
- Advertisement -