Д-р Игор Јорданов е професор на Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот “Свети Кирил и Методиј“ во Скопје со богато искуство на истражувачки пректи во земјава и странство. Тој е меѓународно признаен научник кој има работено на Универзитетот во Љубљана во Словенија, Гент Универзитетот во Белгија и Texas A&M Универзитетот во САД. Во неговиот фокус на научна работа е производство на иновативни, паметни и напредни материјали со примена на еколошки технологии и обновливи материјали.
М-р Верица Јорданова е новинар со повеќе од 20-годишно искуство, претприемач, консултант, магистер по стратешки комуникации, основач и уредник на веб порталот www.inovativnost.mk. Таа има богато искуство во организирање и модерирање на бизнис настани во земјава и странство. Нејзиното искуство во промовирање на македонската иновативна, технолошка и стартап сцена ја етаблираше како одличен познавач на оваа сцена во земјава.
Д-р Зоран Марков е професор по механика на флуиди и хидроенергетика на Машинскиот факултет при Универзитетот “Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, со меѓународно истражувачко искуство во Турбоинститут во Љубљана, Словенија, The Pennsylvania State University во САД, Универзитетот Ерланген во Германија, Vrije Универзитетот во Белгија, Норвешкиот Универзитет за наука и технологија и Аристотел Универзитетот во Грција. Неговото поле на експертиза е хидроенергетика, гасоводни системи и пречистителни станици за отпадни води.
Љубица Ангелкова е новинар со долгогодишно искуство во медиумите и со ангажмани во организации и институции кои лобирале во создавањето на медиумската регулатива во изминатите 25 години. Често е модератор на настани од различни области, а како ПР експерт работи интензивно во последните две години. Покрај формалното образование, таа се посветила на лична едукација во Европа и во САД, каде меѓу бројните програми се издвојува PDY програмата на Аrizona State University на познатата школа Cronkite school of journalism and mass communication каде се стекнала со експертиза од областа на медиа менаџментот. Завршила и на школата International Policy Advocacy во државата Вермонт, САД со интерншип искуства во Вашингтон ДС во позната организација на лобисти. Добитник е на многу признанија од областа на новинарство и менаџментот, меѓу кое е и специјалното признание од поранешниот американски амбасадор Лоренс Батлер за Outstanding women in society. Таа исто така е активна во волонтерски активности и бројни проекти на невладини организации, насочени кон креирање на подобро општество.
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторот (ите)/ авторот (ите) и не ги одрзауваат оние на Владата на САД.