По шестмесечното спроведување на проектот одржана е завршната конференција за презентација на проектот, реализираните проектни активности, како и заклучоците и препораките кои произлегоа во процесот на реализација
Вчера, на 12ти септември, во Кичево се одржа Завршната конференција за проектот „Економска инклузија на младите ромки во општина Кичево“, финансиран од Европската Унија, преку субгрантирање од „Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи” – проект од Европската Унија преку програмата ИПА – Инструмент за граѓанско општество и медиуми 2014, имплементиран од страна на Фондација за Претприемачки Сервис за Млади (координатор), Фондација за Менаџмент и индустриско истражување, Фондација Евро Центар и Здружение на граѓани Милениум, а го спроведуваа Здружението на бизнис жени, со седиште во Скопје, и Здружение за развој и интеграција на млади роми и ромки ПРЕРОДБА од Кичево, во периодот 15.03 – 15.09.2017 година.
Преку активностите и спроведеното микроистражување се мапираа проблемите на жените од Ромската етничка заедница во општина Кичево, како и конкретни заклучоци и препораки за надминување и намалување на постоечките препреки и проблеми со кои тие се соочуваат.
Во рамки на проектот реализирани беа повеќе активности: 3 фокус групи, и тоа со жени Ромки, со претставници на институции и локални ГО и со претставници од локалната бизнис заедница, две еднодневни обуки за претприемништво „Од идеја до претприемништво“ за жени Ромки, како и две обуки за градење на капацитетите на граѓанските организации во Скопје и во Кичево.
Преку спроведеното микроистражување, констатирани се главните проблеми со кои се соочува жената Ромка во општина Кичево, како нискиот степен на образование (70% немаат завршено основно образование), потоа малолетничките бракови и товарот од семејните обврски, тешката финансиска состојба и финансиска зависност од мажот, како и стереотипите кои владеат во семејството во однос на жената во бизнисот, но и во општеството во однос на Ромите во бизнисот.
По успешната соработка при реализацијата на сите планирани активности, партнерите на проектот, Здружението на бизнис жени и Здружението за развој и интеграција на млади роми и ромки ПРЕРОДБА, воспоставија „Мрежа за поддршка на ЖП кај млади Ромки во општина Кичево„ на која со потпишување на „Меморандум за соработка и пристапување“ и „Декларација за етички кодекс на мрежата“, пристапија институциите и организациите (АВРМ, Регионалната комора на СКМ, Општина Кичево, ЦСР, Црвен крст, и повеќе локални граѓански организации), како и дел од компаниите кои беа активни во проектните активности.