Пиво со пилешко месо

- Advertisement -

Печеното пилешко и пивото се класична комбинација, но една компанија оваа комбинација ја носи чекор подалеку – двата производи ги комбинира во еден. Veil Brewing Company од Вирџинија најави дека ќе почне да го произведува пивото Fried Fried Chicken Chicken, кое ќе содржи мала количина вистинско пржено пилешко месо. Пивото е резултат на соработка со компанијата Evil Twin Brewing од Бруклин и ќе содржи 9% алкохол.

Според производителите, пивото нема да има вкус на пилешко месо. Fried Fried Chicken Chicken е достапно во ограничени количини по цена од 18,50 долари за пакување од 4 пива. „Идејата произлезе откако изедовме голема количина пилешко месо на различни локации во Ричмонд, Вирзинија. Пивото воопшто нема вкус на пилешко месо. Доколку мислите дека има таков вкус, можеби треба да си ги проверите сетилата“ велат од The Veil Brewing Co. во пост на Facebook.

- Advertisement -

(PSFK)

Сподели!
- Advertisement -