Истражувањето кое го спроведе PricewaterhouseCoopers покажува дека Амазон има значајно влијание на купувачите во однос на тоа како купуваат. Најголемата онлајн продавница на светот докажува дека ретко кој од конкуренцијата добива шанса за да оствари значителен профит.
Дури 90% од 25 000 купувачи ширум светот се корисници на Амазон. Според она што го објавува PwC, освен што 90% слушнале за Амазон, тие и ги трошат своите пари користејќи го.
На прашањето како Амазон ги променил нивните потрошувачки навики, 28% одговориле дека помалку купуваат, ако и воопшто го прават тоа, во физички продавници. 18% пак тврдат дека купуваат помалку во други онлајн продавници бидејќи Амазон им нуди се’ што им е потребно, додека пак 10% велат дека купуваат исклучиво на Амазон.
Конкуренцијата навистина треба да размисли и да ги промени своите стратегии бидејќи Амазон очигледно е светлосни години пред останатите онлајн продавници.
(ictbusiness.info)