Светското производство на вино се стабилизира по минатогодишниот пад

- Advertisement -

Светското производство на вино се стабилизира откако минатата година падна на најниско ниво од 1961 година поради лошите временски услови, соопшти Меѓународната организација за лоза и вино.
Кај 29-те најголеми производители на вино, кои заедно сочинуваат 85 проценти од глобалното производство, се очекува производството да достигне 232 милиони хектолитри, што е зголемување од 3 проценти во споредба со минатата година.

„Производството останува далеку под просекот од последните години, што го потврдува постојаното намалување на глобалната понуда, на кое влијаат климатските предизвици и промените во однесувањето на потрошувачите“, се вели во извештајот на Меѓународната организација за лоза и вино.

- Advertisement -

Производството на вино е оптоварено со екстремни услови на животната средина, како што се надпросечните врнежи од дожд во некои клучни региони и суша во други. Потрошувачката, исто така, се намали минатата година, од 214,2 милиони хектолитри на најниско ниво за 60 години, го сумираше извештајот на организацијата француската новинска агенција АФП.

Оваа година, Европа забележа зголемување на производството од два проценти, што изнесува 140 милиони хектолитри. И покрај растот, тоа заостанува зад повеќегодишниот просек.

- Advertisement -

„Производството, иако малку повисоко од минатата година, сепак беше под просекот, поради малата жетва во Франција, постојаната суша во Шпанија и неповолните временски услови во Португалија и Германија“, објаснија тие.

На јужната хемисфера, производството во Чиле падна за 10 проценти, четврта последователна негативна година, додека во Австралија скокна за 11 проценти.

- Advertisement -

„Општо земено, гледаме изразени разлики помеѓу северната и јужната хемисфера, како и во нив, при што поволните услови во некои области не се доволни за да ги компензираат загубите во други“, додаде организацијата.

Фото – Flickr

Сподели!
- Advertisement -