Микро теретани поставени во кутии по улиците во Пекинг

- Advertisement -

Доколку сакате да вежбате или да трчате за време на паузата за ручек, оваа нова идеја од Пекинг навистина ќе ви се допадне. Во главниот град на Кина се поставени микро-теретани во мали кутии по улиците кои работат 24 часа на ден. Повеќето од теретаните имаат клима уред и се поставени на површина од 4 квадратни метри.

За да ги користите треба да ги најдете на апликацијата и да ја отклучите вратата со QR код. Корисникот треба да стави депозит од 15 долари, а секоја минута вежбање чини 0,03 долари.

- Advertisement -

Микро-теретаните ги поставува стартап компанијата Mipao Technology од Пекинг, која сака да постави 1.000 исти такви теретани во Пекинг. Исто така, во иднина планираат во теретаните да поставуваат различна опрема и повеќе видови машини.

Компанијата веќе има добиено 3,7 милиони долари инвестиции и очекуваат за осум месеци да почне да профитира доколку секоја од теретаните се користи по околу 6 часа дневно. Идејата можеби нема да биде прифатена во други места, но со оглед на квалитетот на воздухот ова е одлично за Пекинг.

- Advertisement -

 

(Mashable)

Сподели!
- Advertisement -