Мобидониа е онлајн креатор на iPhone, iPad, iWatch, Android и Windows Phone мобилни апликации. Станува збор за „направи сам“ систем којшто е лесен за користење и не бара технички познавања
Процесот на генерирање на апликацијата е целосно автоматизиран и мобилната апликација е креирана за помалку од час. Постојат многу предности во користењето на Мобидониа, а најважно е тоа што не е потребно ангажирање на програмер, апликацијата можете да ја направите во многу краток период, додека тимот зад Мобидониа се грижи за целиот процес од прикачување и одржување на истата.
Мобидониа постои од 2014 година додека целиот проект е започнат во 2014 година.
–Креирањето мобилни апликации е вашиот клучен фокус. Кажете ни каков тип на апликации развивате и по што се разликувате од останатите компании во оваа сфера?
Преку Мобидониа може да се изработат најразлични типови на апликации наменети за ноќни клубови, ресторани, електронски продавници, блогови, портали, радио и ТВ станици, едукативни апликации… во глобала, широк спектар на бизниси.
Целната група воглавно се мали и средни компании коишто сакаат за брзо време да креираат мобилна апликација за својот бизнис, притоа немаат средства за ангажирање на кадри коишто можат да ја изработат таквата апликација.
Она што не разликува од останатите е тоа што нудиме и бесплатна андроид апликација која корисникот ја добива за неколку минути.
Она со што ги придобиваме нашите клиенти е одличната подршката која ја нудиме во процесот на изработка на апликацијата.
– Каков е досега интересот досега?
Најголем интерест имаме за Shopify mShop решението на Мобидониа (https://apps.shopify.com/mobidonia-make-mobile-ios-and-android-app).
Гледано по земји, најголем интерес има од САД, Панама, Колумбија.
Во Панама работиме на заклучување на договор со кој Мобидониа би изработила апликации за сите општини во Панама. Иако името ни е патриотско, немаме клиенти од Македонија :).
– Каков тип на поддршка и во која фаза добивте од Фондот за иновации и технолошки развој и колку истата беше важна во реализација на бизнисот?
Подржката од ФИТР се однесуваше на дополнување на Мобидониа со платформа за iWatch и WindowsPhone.
По направените анализи на пазарот во САД, дојдовме до изненадувачка бројка за бројот на iWatch паметни часовници и неговиот тренд на зголемување. Сеуште немаше решение кое нуди автоматско креирање на iWatch апликации, па затоа ова ни се виде како интересен сегмент на кој може да настапиме.
Од нашите клиенти имавме барања за Windows Phone апликации кои во моментот не ги нудевме.
И двете потреби беа интересни од бизнис аспект, со кој Мобидониа ќе биде првиот билдер на iWatch апликации и надградена со нова платформа. Но ова изискуваше дополнителен кадар, време/пари и опрема. Токму тоа го добивме и преку подршката од ФИТР.
– Кои се вашите развојни планови?
Направивме стратегија со која ќе се фокусираме само на одредени секции од Мобидониа. Одлучивме да бидеме “Најдобри во нешто отколку добри во се”.
Изминатиот период работевме со ценовник за една апликација. Планираме промена на нашиот ценовник во однос на “Volume sale”. На долг рок, планираме апликации со интегрирана Виртуелна реалност изработени преку Мобидониа.