Словенечкиот стартап кој го креираше Talking Tom продаден за милијарда долари

- Advertisement -

Словенечкиот весник Finance објави дека стартапот Outfit7, кој е доста познат по креирањето на својата апликација Talking Tom, е продаден на крајот на 2016 година. Според информациите кои ги соопштуваат, словенечката компанија е купена од страна на кинеска компанија Zhejiang Jinke. Цената на акциите во оваа трансакција изнеснувата 100 долари, што значи дека оваа оваа зделка ја чинело кинеската компанија скоро милијарда долари

Инаку, Outfit7 ја презентираше својата апликација Talking Tom пред неколку години, а благодарение на огромниот интерес од страна на корисниците, апликацијата многу бргу стана препознатлив бренд особено за децата, а постојано се прошируваше со додавање на нови ликови кои му беа пријатели на Том, за на крај да стане успешна медиумска франшиза.

- Advertisement -

Различни апликации кои го носат името на популарниот мачор, имаат вкупно 5 милијарди преземања, а бројот на активни корисници месечно се движи околу 300 милиони. За популарноста на Talking Tom сведочи и YouTube каналот кој го „поседува“ мачорот, а истиот има 9 милиони претплатници.

Оваа успешна приказна започна пред десетина година кога беше основана компанијата. Зад неа стои брачниот пар Иза и Само Логин кои веќе неколку години по ред се прогласувани за најбогатите Словенци. Компанијата сега има седиште во Лондон и вкупно 14 канцеларии низ светот, вклучувајќи ја и онаа во матичната Словенија.

- Advertisement -

Приказната за продажбата на Outfit7 започна пред два месеци кога беше објавено од Bloomberg дека познатата банка Goldman Sachs е ангажирана како советник во процесот на продажба. Тогашните проценки беа дека вредноста на компанијата изнесува околу 600 милиони долари, но според она што го пренесува Finance, проценката е промашена. Инаку, кинеската компанија која се споменува како купувач уште одамна има изразено интерес за компанијата која стои зад Talking Tom.

 

- Advertisement -

(ICTBusiness.info)

Сподели!
- Advertisement -