Неформалното образование е шанса ИТ-индустријата да оди напред!

- Advertisement -

Интервју со Бојана Иванов, (HR Professional) професионалец за човечки ресурси и Бинаса Дрндар, (HR Specialist) специјалист за човечки ресурси и (Graphic Designer) графички дизајнер во („Radix Technologies“) „Радикс Технолоџис“.

 

„Радикс Технолоџис“ е компанија од Вевеи, Швајцарија која е ИТ-партнер на голем број европски компании. Нуди голем број ИТ-услуги како што се: создавање на тимови за техничка поддршка, целосен ИТ-менаџмент и превземање на цели ИТ-сектори, креирање иновативни софтверски решенија и  Cloud услуги. Тимот на „Радикс“ се состои од  400 експерти ширум Европа и нуди поддршка 24/7.

- Advertisement -

Тимот во Македонија е фокусиран и обучен да дава поддршка за ЕРП-решенија, бизнис-операции и процеси, меѓу кои се и целоснaта палета на софтвери од (Microsoft) „Мајкрософт“, повеќе Cloud-платформи како што се VMWare, Azure и Openstack, како и решенија за повеќе намени за компании од различни дејности.
Вработените се сертифицирани инженери во своите технлогии и редовно ги полагаат сите нови тестови на нивните матични технологии.

Преку нашето долгогодишно искуство, помагаме во оптимизација на процесите со цел зголемување на услугите кои ги нудат компаниите преку дигитални и интернет-услуги. Наша задача е да анализираме во кои ИТ- процеси на нашите клиенти има застој и да најдеме решенија за тие проблеми преку користење на постоечки платформи или креирања на наши сопствени решенија за проблемот“- објаснуваат Бојана Иванов и Бинаса Дрндар, ЧР-менаџерки на („Radix Technologies“) „Радикс Технолоџис“.

- Advertisement -

Тимот се состои од талентирани професионалци од полето на 24/7 техничка поддршка, дигитален маркетинг, развој и „outsourcing“ нa бизнис-процеси.

Клиентите на Радикс се во најголем дел европски компании, најмногу од Швајцарија и Германија. Во Македонија имаме неколку клиенти, кои се занимаваат со фармакологија, машинско инженерство, логистика и транспорт итн. Тимот од Македонија ги покрива македонскиот и сите останати пазари на кои „Радикс“ е присутен. Ова е овозможено преку блиска комуникација и соработка со вработените во останатите европски канцеларии на „Радикс“.

- Advertisement -

 

  • Каква компаниска култура е потребна за да се избалансираат динамиките на пазарот на трудот на ИТ-индустријата?
Бојана Иванов

Бојана:-Ораганизациската култура во ИТ-организациите се разликува од компаниите во другите области. Од моето лично искуство сметам дека само организациите што успеваат да воспостават принципи на ефективна комуникација ја имаат привилегијата да бидат во улога на  успешни организации. Потребни се организации во кои формалноста се губи, што значи дека костимите се заменети со  спортска облека, а и формалниот начин на пишување и говорење исто така е заменет со неформален јазик на комуникација. Организациската култура во ИТ -организиците треба да биде повеќе фокусирана на начинот на кој вработените би требало да работат отколку на тоа како да зборуваат, доколку сакаме попродуктивни умови во нашата организација.

  • Што се случи со пазарот на трудот во последниве 5 години? Одвојте ги најзначајните промени на професиите во ИТ-индустријата, согласно трендовите и обидете се да го предвидите правецот и курсот на промени во блиска иднина?

Бојана:  Во последните 5 години :

  • Интернетот e примарен начин на комунијација во бизнисот, ( електронска пошта, видео, конференции и слично). На овој начин во секој момент од секое место на светот може да бидеме присутни на состанок, конференција или обукa.
  • Денес секој вработен може да има пристап до нивните деловни системи од дома или друга канцеларија. Ова претставува огромна придобивка за компаниите кои работат outsource, или често патуваат. Од моето лично искуство се покажало дека истото има големо влијание во продуктивноста на вработените.
  • Иако, во изминатите години имавме зголемена економска криза, сепак сметам дека најмалку загрозени беа ИТ-компаниите. Голем дел од нив остварија економски раст и развој.
  • Талентите се повеќе имаат достапност до различни обуки кои им помагаат за личен раст и развој.
  • Побарувачката на пазарот на труд за различни ИТ-профили сѐ повеќе расте.
  • Пораснаа платите на сите ИТ-позиции.

Како најголема промена во однос на ИТ-професиите на пазарот на труд дефинитивно е зголемената потреба од DevOps Enginer односно (Development Operations Enginer) инженер за развојни операции. Toa se инженери кои  развиваат големи (entreprise) софтверски решенија и претставува тип на агилна врска помеѓу развивањето (development) и ИТ-операции (it opreations). Целта на (Development Operations Enginer) инженерот за развојни операции е да ја подобри и промени релацијата помеѓу двете со подобра комуникација и колаборација. Нема формална патека за кариерен развој на Development Operations Enginer инженерот за развојни операции, бидејќи тие се или програмери кои се заинтересирани за менаџирање на мрежни опреации или се систем админи кои имаат страст за скриптирање и кодирање. Затоа, овие таленти се доста барани,  бидејќи имаат знаење од повеќе технологии.

И покрај тоа што во моментов не е лесно да се најде талент со овие вештини.  Трендот за потреба од ваков кадар се зголемува, a талентите сѐ повеќе се насочуваат кон усовршување вештини кои одговараат токму на оваа позиција.

Она што исто така, сметам дека ќе се случува во иднина е тоа дека потребата од Cloud-решенија сѐ повеќе ќе расте, а истите ќе имаат сѐ поголеми мерливи влијанија врз бизнисот.

  • Како би го искоментирале академско образование на ИТ-кадри од поглед на техничка и деловна способност на дипломираните студенти во Македонија?

Бојана: -Академското образование може да вроди со одлична техничка и деловна способност исклучиво од самата мотивирност и истрајност на дипломираниот студент, но истото не секогаш е клуч за успешна кариера. Веројатно тоа е така за секоја област на академско образование, но сметам дека посебно акцент е ставен во ИТ-индустријата. Секој дипломиран студент, а и оној кој е во процес на студирање има можност преку најразлични (платени или не платени) онлајн- курсеви или тренинг центри да вложува и работи на подобрување на сопственото знаење. Секако, сметам дека академското образование се подобрува и преставува добра основа за понатамошно доградување.

Бинаса: -Денешните студенти сѐ повеќе вложуваат во себе и своето професиолнално надоградување уште од студентските денови. Може да се каже дека академското образование што им се нуди се подобрува, меѓутоа се разбира дека секогаш има простор за поголем напредок. Нашиот „Crowd Cloud Camp” за практиканти, може да ја потврди подготвеноста на нашите студенти. Тие го поседуваат техничкото знаење, а големо дел од нив, уште пред дипломирање работат на (freelance) хонорарни проекти, што е голем плус за нив и нивното понатамошно професионално (развивање) усовршување.

Водени од вербата во способностите и потенцијалот на младиот ИТ-кадар, подготвен да се соочи со вистински проекти, предизвици и светски текови во ИТ-сферата, (Radix Technologies) „Радикс Технолоџис“ заедно со ИТ-Crowd, го оформи Crowd Cloud Camp-от, место каде што студентите ќе можат бесплатно да го усовршат и применат своето веќе стекнато образование преку работа на реални/активни проекти и теоретски обуки. Она што ние го нудиме е обука која ќе се одвива преку работа на реални проекти, тренинзи за меки вештини и настава за странски јазик. Концептот на кампот е поделба на различни „шатори” (.NET, Android, iOS, Java итн.) кои ќе бидат водени од ментори-сениори. Групите (шаторите) ќе се состојат од различен број на студенти, во зависност од потребата на проектот/клиентот. На крајот на праксата, доколку студентот ја покаже својата мотивација и посветеност, можноста за вработување во една од компаниите е повеќе од реално.

  • Во светот продолжува трендот на раст на академии од неформално образование за технички професии, какошто се програмерите и мрежните инжинери. Каква е состојбата кај нас и какви кадри генерираат ваквите академиите?

Бојана: – Во Македонија и во светот сѐ повеќе постојат академии за неформално образование и тоа е одлична шанса за секој кој сака да се пренасочи или доусовршување на друго или исто поле. Ваквите академии генерираат одлични кадри пред сѐ заради мотивираноста која ја имаат талентите на усовршување или развивање на нови вештини во правец кои тие го одбрале. И дефинитивно тие се чекор напред од формалното образование.

Бинаса: -Неформалното образование за технички професии зема се поголем замав како во светот, така и кај нас. Досегашното искуство со кадри кои ги генерираат овој тип на академии е навистина позитивен, бидејќи се работи за луѓе коишто се вложуваат дополнително, сѐ со цел да бидат што поуспешни во работењето на она што навистина го сакаат.

  • Дали вработувате кадри кои немаат формално високо образование од бараната професија?

Бојана: -Да, дефинитивно, ние сме компанија што е отворена и дава шанса на секој кој сака да ги покаже своите вештини. Еден одличен пример е нашиот вработен, Иван Јанкулоски кој и покрај завршениот Медицински факултет, одлучи својата кариера да ја пренасочи како мрежен инженер. Тој се запиша и заврши во „Сеавус Едукативниот Центар“ како мрежен инженер и разви одлични вештини кои успешно ги применува во нашата компанија, но кои исто така претставуваат добра основа за доусовршување.

  • Што е најважно еден мрежен инженер да поседува од технички и меки вештини за да биде добар кандидат за вработување во (Radix Technologies)  „Радикс Технолоџис“ и каде може да се стекне со такви компетенции?

Бојана и Бинаса: -Како што веќе споменавме погоре, „Радикс Технолоџис“ е отворена компанија, па затоа би сакале кандидати кои се самомотивирани, кои можат и сакаат интензивно да работат во тим, да бидат добро организирани, да поседуваат работна етика и да бидат флексибилни.

Што се однесува до техничките вештини, потребно е кандидатот да поседува минимум CCNA-сертификат со кој може да се стекне во „Сеавус  eдукативниот центар“.

Сподели!
- Advertisement -