Tуристичкиот водич In your pocket ги инспирира туристите да ја откријат убавината на Македонија!

- Advertisement -

Туристичкиот водич In your pocket веќе три години ја збогатува промоцијата на туристичките потенцијали на нашата земја. Произлезен како продукт од  Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК), финансиран од ЕУ и админстриран од Светска Банка, овој туристички водич, на македонски и на англиски јазик, има основна мисија да ја подобри туристичката понуда во земјава со професионално информирање на туристите за она што може да го доживеат и видат при посетата на Македонија. Се дистрибуира во сите туристички инфо-центри, во хотели, ресторани и кафетерии.
Досега се издадени пет печатени водичи за Скопје, два за Охрид како и 3 мапи на град Скопје и Охрид! Разговараме со Снежана Стефановска од In Your Pocket.

Разговараше – Верица Јорданова

- Advertisement -

In your pocket е туристички водич од светски ранг. Кажете ни како се роди идејата?

Во изминатиот период не само што работевме на креирање на туристичкиот водич за Скопје и Охрид, туку дадовме свој придонес и во едукација на туристичките субјекти. Минатата година реализиравме пет специјално дизајнирани работилници во Скопје, Охрид и во Струмица за едукација на сите туристичките чинители и институции со цел да се  подобрат услугите и производите врз основа на сознанија за потребите на современиот турист.

- Advertisement -

Исто така, врз основа на детектираниот недостаток туристите на една веб страница да ги најдат сите потребни информации кога ја посетуваат Македонија креиравме специјализирана веб страница и дигитална промоција преку Facebook и Instagram кои би го презентирале туристичкиот потенцијал и би придонеле за зголемување на бројот туристи кои би ја одбрале нашата земја како нивна идна дестинација.

Кои се досегашните ефекти, со оглед на тоа туристичката промоција на една земја е долгорочен процес?

- Advertisement -

Секако станува збор за позитивни ефекти, некои се реафлеетираат веднаш, а некои ќе се рефалектираат малку подоцна со оглед на тоа што туризмот е долгорочна стратегија на една земја…Ефекти има и од двата сегменти на проектот, и од спроведените работилници за едукација како и од зголемената он лине и маркетинг промоција.

Дел од тие ефекти се: зголемен број на туристи во државата кои не следат на нашите социјалните медиуми, но и зголемена потрошувачка од стана на туристите кои ги користат услугите презентирани во водичот. Секако дека зголемената туристичка побарувачка креира нови работни места.

Колку од ваша перспектива успеавте да ги промовирате туристичките дестинации?

Сметам дека заедно со проектот на ПЛРК успеавме на најдобар можен начин да ги промовираме туристичките дестинации во нашата земја.

Имено преку изработката на професионалниот туристички водич, дистрибуиран на атрактивни локации во сите 10 туристички дестинации, успеавме на туриститот на многу интересен и несекојдневен начин да му ги доближиме природните убавини, културно-историските споменици и знаменитости на нашата земја.

Но и преку социјалните мрежи каде преку нашата Web страна ФБ и Инстаграм профил успеавма  да привлечеме голем број туристи на кои следна туристичка дестинација би им била Македонија.

Што од ваше искуство е најинтересно за странските туристи,што најмногу сакаат да посетуваат?

Македонија е интересна дестинација. Не можам конкретно да наведам што туристите најмногу сакаат да видат, но сепак би ги издвоила Охрид како дестинација,Скопје каде акцент се става на Матка, а секако сакаат да ја слушнат историјата на Македонија.

IYP  Македонија постои од 2017 година и од тогаш до денес има издадено 5 печатени водичи за Скопје и 2 за Охрид како и 3 мапи на град Скопје и Охрид. Сите во тираж од по 20,000 примероци.

Туристите сеуште го сакаат печатениот медиум и со In Your Pocket ја кренавме културата за користење на водичите на повисоко ниво.Туристичките чините во Македонија веќе го препознаваат брендот In Your Pocket и секако сакаат да бидат дел од единствениот меѓународен туристичкиводич во нашата земја.

Сподели!
- Advertisement -