ВИДЕО: Летечките такси пристигнаа во Дубаи

- Advertisement -

Првите летечки такси во светот пристигнаа во Дубаи. Тие се дело на германската компанија Volocopter и во Дубаи ќе почнат со тест летови со коишто треба да ја уверат Агенцијата за транспорт и патишта на Дубаи дека се безбедни за патување.

Тестирањето на мултикоптерите симболично го започна владетелот на Дубаи, шеикот Хамдан бин Мохамед бин Рашид Ал Мактум и претседателот на владата на Обединетите Арапски Емирати, кој и сам седна во него, но не доби дозвола за лет затоа што леталото најпривн мора да помине ригорозни тестови без патници. По благословот на шеикот, Volocopter полета на првиот лет во близина на паркот Jumeirah Beach.

- Advertisement -

„По извонредниот успех на првата подземна железница без возач во регионот среќни сме што можеме да посведочиме на летот на автономно воздушно такси. Ние постојано ги истражуваме можностите за служење на заедницата, просперитет и среќа на луѓето“ изјави шеикот.

Шеикот истакна и дека иновативните технологии се клучни за искачување на скалата на глобалната конкурентнтост. Таксито Volocopter пренесува двајца патници, има електричен погон и може да лета околу 30 минути со просечна брзина од 50 км/ч (максимална е 100 км/ч), високо е 2 метри, а распонот на крилата изнесува 7 метри.

- Advertisement -

Засега не е познато кога овие такси ќе почнат со комерцијални летови, а пректот е дел од стратегијата на Дубаи со која до 2030 година целиот собраќај во овој футуристички град ќе биде автономен.

(Vidi.hr)

Сподели!
- Advertisement -