„Чиста 10-ка“ натпревар за бизнис идеја на Охридска банка за грант од 10.000 евра

- Advertisement -

Охридска банка организира натпревар за најдобра бизнис идеја во кој можат да се натпреваруваат млади на возраст од 18 до 35 години

„Чиста 10-ка“ е иницијатива за промоција и инвестирање во иновативни проекти, идеи и пред сè наменета за студенти и млади луѓе на кои поддршката и финансиската поткрепа им се секогаш добредојдени.

Идејата е да се најдат најдобрите и најкреативни млади луѓе и да им се помогне да ја реализираат својата цел, да успеат во бизнис опкружувањето, да градат стабилна средина и да вработуваат други потенцијали. Идејата треба да биде реално остварлива, а може да конкурираат поединци или тимови со максимум 4 учесници.

- Advertisement -

Најдобрата идеја ќе добие грант од банката во вредност до 10.000 евра за остварување на тој бизнис како и поддршка од банката во идните чекори од неговата реализација. Аплицирањето е отворено до 22 октомври, а апликантите по поднесувањето на апликацијата ќе поминат и процес во кој ќе одговорат на серија прашања поврзани со нивната бизнис идеја.

Сподели!
- Advertisement -