Amazon доби казна од ЕУ од 250 милиони евра

- Advertisement -

Amazon е уште една голема американска компанија која Европската унија ja казни за избегнување на даноци. Европската комисија на оваа компанија и изрече казна од 250 милиони евра плус камати поради нереално мал износ на даноците што компанијата ги плаќала во Луксембург.

Секретарот на ЕК за пазарна конкуренција, Маргарет Вестагер, изјавила дека Луксембург ѝ наплаќала на Amazon нелегално намалена даночна стапка. Благодарение на тоа, тврди Вестагер, на дури три четвртини од нивните приходи не е пресметан соодветен данок.

- Advertisement -

Минатата година Европската комисија изрече казна и на Apple од 13 милијарди евра поради непочитување на даночните политики.

Различни маневри и префрлање на пари од сметка на сметка, како и добивање на поволни даноци во одделни членки на Европската унија, им помагаат на мултинационалните компании успешно да избегнуваат плаќање поголеми даноци.

- Advertisement -

Amazon, кој до крајот на годината ќе вработи 65 илјади работници, го одбил поволното место во Луксембург. Во писмената изјава од компанијата се тврди дека тие го платиле данокот според она што државата Луксембург побарала од нив, што според тврдењето е во согласност со меѓународните даночни закони.

(ICTBusiness)

Сподели!
- Advertisement -