- Advertisement -
За да ги потсети купувачите дека нивните производи можат да се најдат и да се купат во IKEA кога и да им притребаат, шведскиот синџир постави автомат за продажба на кујнски прибор во метрото Hötorget во Шведска.
Автоматот функционира како и секој друг, но наместо да содржи грицки или пијалаци, IKEA го наполни со кујнски прибор. IKEA го постави автоматот како постојано потсетување дека нивните продавници постојано се отворени и секој што има потреба може да купи кујнски прибор. Автоматот е реклама за блиската новоотворена продавница, а ќе работи до февруари 2018 година.
- Advertisement -
(PSFK)
- Advertisement -